Сегедска синагога

синагога во Сегед, Унгарија

Сегедската синагога (унгарски: Szegedi zsinagóga) е синагога во Сегед во Унгарија. Овој објект бил изграден во 1907 година и бил дезајниран од еврејскиот унгарски архитект Липот Баумхорн (1860-1932), чии дела претставуваат најдобри примери за уникатниот унгарски стил кој претставува комбинација на југендстилот и историзмот, понекогаш познат и како „унгарски стил“.[1] Таа била користена од еврејската заедница во Сегед.

Сегедската синагога
Внатрешноста на синагогата
Куполата на Сегедската синагога

Внатрешноста на објектот, со својата висока купола од 48.5 метри, е заснована врз неколку историски стилови кои заедно ја создаваат уникатната комбинација на југендстилот и мавританската преродба. Ребрестиот ѕид над оргулите имаат готско потекло, додека столбовите што ги поддржуваат галериите се римски.[2]

Внатрешноста на големата купола, како и сите витражи на градбата, се дело на уметникот Микса Рот.

Шарите се во облик на растението милодух (хисоп), растение кое се користело во античките храмови.

Сегедската синагога е втора по големина во Унгарија по Големата синагога во Будимпешта, како и 4-та најголема во светот.[3]

Наводи

уреди
  1. Historism and Art Nouveau in Hungarian architecture around 1900 http://www.art-nouveau.hu/art.php?menuid=2&id=102 Архивирано на 21 јули 2011 г.
  2. „Szeged Synagogue“. Архивирано од изворникот на 2007-06-03. Посетено на 2018-05-08.
  3. Lipot Baumhorn Архивирано на 2 мај 2012 г., additional text.
 
Светиот ковчег на синагогата

Надворешни врски

уреди