Сега, сега, Маркус
Сега, сега, Маркус или, „Ми треба птица“ - роман за деца од австрискиот автор Мартин Ауер, првпат објавен во 1988 година на германски како „Bimbo und sein Vogel“. Илустрирана била од германскиот уметник Симоне Клагес.
Автор | Мартин Ауер |
---|---|
Изворен наслов | Bimbo und sein Vogel |
Илустратор | Симоне Клагес |
Земја | Германија |
Јазик | германски |
Жанр | Детски роман |
Издавач | Beltz & Gelberg (Германија) Greenwillow Books (САД) |
Издадена | 1988 |
Published in English | 1989 |
Медиум | Печатено (Мек повез) |
ISBN | 0-688-08975-5 |
OCLC | 233532828 |
Изворното дело било преведено и на јапонски, француски, холандски, шведски, норвешки и фински. Северноамерикански-англиски превод бил објавен во 1989 година од „Greenwillow Books“.
Заплет
уредиРодителите на Маркус постојано не слушаат што има Маркус да каже и наместо тоа често реагираат со стандардни и изненадувачки фрази од неговата мајка, како и изреката „Сега сега“ од неговиот татко. Така Маркус мора да го привлече нивното внимание. Кога конечно ќе ги натера да се согласат дека може да има птица, тој се враќа дома со лебед. Секако дека не смее да го чува, па решава да живее во шумата. Таму тој е изеден од џин, но лебедот го спасува. Кога Маркус ќе се врати дома, а неговите родители, како и обично, не веруваат во неговата приказна, сите суштества што биле спасени од стомакот на џинот, маршираат во куќата.