Северо Бонини (23 декември 1582 – 5 декември 1663) ― тоскански композитор, оргулар и писател на музика.

Роден е во Фиренца и станал бенедиктински монах. Студирал пеење кај Џулио Качини. Служел како оргулар во Форли од 1613 година и имал голем број други функции пред да се врати во Фиренца во 1640 година, каде што бил капелски мајстор (maestro di cappella) и оргулар во црквата „Св. Троица“ до неговата смрт. Починал во Фиренца.

Објавил неколку музички книги, вклучувајќи мотети и мадригали. Пишувал музика во новиот монодичен стил. Неговиот трактат „Прв дел од говорите и правилата за музиката“ (изворно: Prima parte de' discorsi e regole sovra la musica) (1649–1650) е важен извор на информации за современите композитори и подемот на монодијата и операта.

Надворешни врски

уреди