Демографија на Чад
Според податоци од 2006 година, населението на Чад изнесува околу 10.000.000 луѓе.
Старосна структура
уреди(2003)
- 0-14 години: 47,3% (мажи 2 366 496/жени 2 308 155)
- 15-64 години: 49,8% (мажи 2 250 211/жени 2 676 076)
- над 65 години: 2,9% (мажи 120 666/жени 164 057)
Етнички состав
уредиНаселението во 2005 година броело околу 10.146.000 од кои 25.8% живеат во урбаните средини, додека 74.8% живеат во руралните.[1] Населението на државата е младо, каде 47.3% се под 15 години. Наталитетот е со 42.35 раѓања на 1000 луѓе, додека морталитетот е 16.69 и просечниот животек век е 47.2 години. Околу половина од населението живее на југот од земјата и е најнаселен регион во земјата.[2] Урабниот живот може да се пронајде само во главниот град Нџамена, каде населението е преокупирано со трговија. Други градови се Сарх, Мунду, Абече и Доба.
Чад е составена од над 200 етнички групи кои ја создаваат шареноликоста на земјата. Главна етничка група се Сара народот, но живеат и Сахел, Арапи или Тубу.
Јазици
уредиСлужбени јазици се арапски јазик и француски јазик, но се зборуваат и над 100 јазици.
Религија
уредиЧад е со голема религиозна различност. Според пописот од 1993 година, 54% биле Муслимани, 20% Католици, 14% Протестанти, 10% Анимисти и 3% атеисти. Муслиманите се сконцентрирани во северниот и источниот дел, додека христијаните во јужниот.
Наводи
уреди„Демографија на Чад“ на Ризницата ? |
- ↑ World Population Prospects.
- ↑ "Chad Livelihood Profiles". U.S. Agency for International Development.
- ↑ Central Intelligence Agency (2009). „Chad“. The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2020-04-24. Посетено на 28 јануари 2010.