Себастијан Жапризо
Себастијан Жапризо (4 јули 1931 – 4 март 2003) — француски писател, сценарист, и режисер, роден во Марсеј. Се потпишувал под псевдонимот Жан-Батист Роси, анаграм од неговото вистинско име. Жапризо бил наречен и „францускиот Греем Грин“. Бил познат во франкофонските земји, но не и во земјите од англиското говорно подрачје, иако дел од неговите книги биле преведени на англиски.
Себастијан Жапризо | |
---|---|
Роден/а | 4 јули 1931 Марсеј, Франција |
Починат/а | 4 март 2003 Виши, Франција |
Занимање | писател, сценарист, режисер |
Националност | французин |
Потпис |
Жапризо стекнал популарност на 17 години кога го напишал романот Les Mal Partis, кој бил објавен во Франција и САД. Освен со писателска, се занимавал и со преведувачка дејност, преведувајќи ги на француски романите на Џером Дејвид Селинџер. Во 1962 сакал да се проба со крими-романите, но бидејќи не бил сигурен како читателите ќе го прифатат, романот The 10.30 from Marseille го потпишал под псевдоним. Романот бил фимски преработен и доживеал голем успех. Неговите два следни криминалистички романи, Trap for Cinderella и The Lady in the Car with Glasses and a Gun, му ги донеле наградите „Grand Prix de Littérature Policière“ во 1963 за првиот и „Le Prix d'Honneur“ во 1966 за вториот роман. Два филма биле снимени според романите, кои исто така биле успешни.
Дела
уредиРомани
уреди- Les Mal Partis (1950)
- Visages de l'amour et de la haine (1950)
- L'Odyssexe (1965)
- L'Été meurtrier (1977)
- La Passion des femmes (1986)
- Un long dimanche de fiançailles (1991)
Криминални романи
уреди- Compartiment tueurs (1962)
- Piège pour Cendrillon (1963)
- La Dame dans l'auto avec des lunettes et un fusil (1966)
Сценарија
уреди- La Machine à parler d'amour (1967)
- Adieu l'ami (1968)
- The Lady in the Car with Glasses and a Gun (1970)
- La Course du lièvre à travers les champs (1972)
- Le Passager de la pluie (1992)
Збирки
уреди- Écrit par Jean-Baptiste Rossi (1987)
- Japrisot volume 1 (2003)
- Japrisot volume 2 (2004)
- Romans policiers (2011)