Свети Лупицин Кондатски

(Пренасочено од Св. Лупицин)

Свети Лупицин или Лупицин Кондатски (околу 486) — светец во католичката црква.

Животопис

уреди

Во своето дело „Житија на светите отци“, Григориј Турски опишува дека по смртта на св. Лупицин дошло до голема кавга меѓу жителите на крајот во кој починал тој и некоја госпоѓа од друго место, која дошла да ги земе неговите посмртни остатоци. Таа дама своето барање го образложила со тоа што во повеќе наврати на светецот му давала пченица и јачмен од кои се хранел тој. Од друга страна, противниците се бранеле со зборовите: „Тој маж е од нашиот род, од нашата река црпеше вода и нашата земја го испрати на небото.“ Најпосле, жителите на местото каде што умрел го погребале светецот, но штом се оддалечиле од гробиштата, дамата го украла неговото тело и наредила на носила да го пренесат до нејзиниот имот. Дури тогаш, нејзините противници се покајале поради нивното однесување кон дамата, зашто во нејзината постапка ја виделе божјата волја и молеле да им се дозволи да учествуваат во закопот на светецот. Меѓутоа, како што додава Григориј, и покрај оваа кавга, св. Лупицин подоцна направил многу чуда во двете места.[1]

Наводи

уреди
  1. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 71-72.