Црква „Св. Илија“ - Вранештица

црква и археолошко наоѓалиште во Вранештица, Македонија
(Пренасочено од Св. Илија (Вранештица))

Свети Илија — доцносредновековна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија.[1]

Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Кичевско
Парохија Прва кичевска
Местоположба

Карта

Координати 41°26′39.2″N 21°01′22.38″E / 41.444222° СГШ; 21.0228833° ИГД / 41.444222; 21.0228833
Место Вранештица
Општина Кичево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Архитектонски опис

Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот доцносредновековна црква и некропола.[2]

Мештаните за црквата кажуваат дека е „римска“. Околу нејзе се наоѓаат гробишта за жителите на Левото Маало на селото Вранештица.[3]

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа непосредно до селото, од јужната страна, на мала височинка со зарамнето плато.[2]

Околу неа има некропола со гробови од камени плочи.[2]

Историја

уреди

Била подигната во XVII век.[2] Според историчарите на уметноста црквата била изградена неколку години по црквата „Св. Ѓорѓи“, односно кон крајот на XVI век.[4]

Архитектура

уреди

По обликот и димензиите е слична на црквата „Св. Ѓорѓи“. Архитектурата и живописот се во мошне лоша состојба.[2]

Во црквата има работено познатиот зограф Аврам Дичов.[5]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 110.
  4. „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2020-10-29.
  5. „АВРАМ ДИЧОВ“. Тресонче. Архивирано од изворникот на 2020-10-27. Посетено на 2020-11-23.

Надворешни врски

уреди