Гаврил Лесновски
Преподобен Свети Гаврил Лесновски — македонски подвижник чиј празник се слави на 28 јануари. Роден бил во кривопаланечкото село Осиче. Заедно со преподобните Јован Рилски, Јоаким Осоговски и Прохор Пчињски се основоположници на јужнословенското и македонско еремитско (анахоретско) монаштво.
Житие
уредиСе подвизувал и аскетувал во околината на Злетовска Планина. Во житијата се среќаваат податоци дека во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, се замонашил и (или) изградил црква во чест на Св. Архангел Михаил и оттаму заминал во околината на подвизување.[1]
Неговиот светителски култ се ширел и се развивал преку религиозно-духовната, книжевната, музичката, ликовната и народната традиција. За него биле составени житија и служби во втората половина на XI, во XIII и во втората половина на XVI или најдоцна во XVII в. Култот на преподобен Гаврил бил одржуван и во сликарската традиција со сликањето на негови портрети по фрескоживописите, иконите, ракописите и по другиот црковен инвентар, како и во народното творештво, во голем број месни преданија и легенди.[2]
Бил чудотворец за време на животот и по смртта. Умрел на крајот на 10 век.
Надворешни врски
уредиНаводи
уредиЗа преп. Гаврил Лесновски види монографијата; Илија Велев, Св. Гаврил Лесновски во книжевната традиција, изд. Менора, Скопје 1996г.
„Гаврил Лесновски“ на Ризницата ? |
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |