Свети Јовански Рид

врв на планината Богословец
(Пренасочено од Св. Јовански Рид)

Свети Јовански Рид — највисок врв на планината Богословец со висина од 755 м.

Свети Јовански Рид
Врвот Свети Јовански Рид
Највисока точка
Надм. вис.755 м
Координати41°45′53.8″N 22°00′42.9″E / 41.764944° СГШ; 22.011917° ИГД / 41.764944; 22.011917
Географија
Свети Јовански Рид на карта

Карта

Матичен венецБогословец
Искачување
Прво освојувањенепознато
Најлесен патБогословец — Гелева Чешма — Калиманец — Свети Јовански Рид

Географија и геоморфологија

уреди

Врвот се наоѓа во северозападниот дел на планината, односно западно од длабокото седло Калиманец (548 м). Врвот има конусест облик и се состои главно од старопалеозојски шкрилци и кварц-профири, а содржи и младопалеозојски серпентини и мезозојски габрови.[1][2]

Искачување

уреди

Најдобра пристапност до врвот има од северната страна. Искачувањето започнува од селото Богословец по земјен пат во југоисточен правец до Гелева Чешма, а потоа започнува пострмно искачување на југ до седлото Калиманец на надморска височина од 548 м, од каде што се скршнува на северозапад до самиот врв.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ракиќевиќ, Т.; Думурџанов, Н.; Петковски, П. (1976). Толкувач и карта за ОГК 1:100 000, лист Штип. СГЗ Белград. line feed character во |title= во положба 20 (help)
  2. Милевски, И. (2009). „Геоморфолошки одлики на Богословец и локалитетот Ѓаволски Ѕид“. Географски разгледи. Скопје. 43: 27–39.