Тиски Врв

врв на планината Богословец

Тиски Врв — врв на планината Богословец со висина од 747 м.

Тиски Врв
Тиски Врв
Највисока точка
Надм. вис.747 м
Координати41°45′31.7″N 22°02′04″E / 41.758806° СГШ; 22.03444° ИГД / 41.758806; 22.03444
Географија
Тиски Врв на карта

Карта

Матичен венецБогословец
Искачување
Прво освојувањенепознато
Најлесен патГадешка Чешма — седло — Тиски Врв

Географија и геоморфологија уреди

Врвот се наоѓа во средишниот дел на планината, источно од длабокото седло Калиманец (548 м). Врвот има конусест облик и се состои главно од старопалеозојски шкрилци и кварц-профири.[1][2]

Искачување уреди

Најдобра пристапност до врвот има од северната страна. Искачувањето започнува од Гадешка Чешма во југозападен правец до плитко седло на надморска височина од околу 680 м коешто го поврзува со соседниот врв Корија (721 м), од каде што се скршнува на северозапад до самиот врв. Врвот исто така може да се искачи и од селото Богословец, од каде што по земјен пат во југоисточен правец се пристигнува до Гелева Чешма, а потоа започнува пострмно искачување на југ до седлото Калиманец на надморска височина од 548 м, од каде што се скршнува на југоисток до самиот врв.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Ракиќевиќ, Т.; Думурџанов, Н.; Петковски, П. (1976). Толкувач и карта за ОГК 1:100 000, лист Штип. СГЗ Белград. line feed character во |title= во положба 20 (help)
  2. Милевски, И. (2009). „Геоморфолошки одлики на Богословец и локалитетот Ѓаволски Ѕид“. Географски разгледи. Скопје. 43: 27–39.