Раец (река)
Раец — река меѓу планините Бабуна и Дрен во средно-јужниот дел на Македонија. Реката е лева притока на Црна Река. По оваа река наречена историско-географскаста област Раец.
Раец Рибница, Брек | |
---|---|
Течението на реката | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Дрен |
• надм. вис. | 1550 м |
Устие | |
• место | Црна Река |
• координати | 41°26′32.9″N 21°55′13.7″E / 41.442472° СГШ; 21.920472° ИГД |
• надм. вис. | 154 м |
Должина | 33 км |
Големина на сливот | 305,19 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Црна Река→ Вардар→ Егејско Море |
Течение
уредиРеката извира на североисточните падини на планината Дрен, на надморска височина од 1.550 м. Настанува од две реки: Свињарница (под ова име е позната во горниот тек) и Церешевик. Нејзиното течение е во североисточен правец до Фаришката Клисура, а потоа свртува кон југоисток и во Црна Река се влева од нејзината лева страна кај селото Шивец на надморска височина од 154 м.[1] Реката тече источно од превојот Плетвар, покрај патот Плетвар-Градско, во пределот на областа Раец.[2]
Хидрографија
уредиРеката е долга 33 км и нејзиниот тек има релативен пад од 42,3 ‰.[1] Нејзиното сливно подрачје зафаќа вкупна површина од 305,19 км2.[2]
Галерија
уреди-
Реката во близина на селата Голем Радобил и Мал Радобил
-
Реката во близина на селото Раец
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на Црна Река" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-12-15. Посетено на 7 февруари 2019.
- ↑ 2,0 2,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 59. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врски
уреди- Раец (река) на Ризницата ?