Свето предание (грчки: Ιερά Παράδοση, латински: Traditio) — усно пренесување на учењето на Господ Исус Христос и настаните од евангелската историја. Тоа постоинапоредно со Светото писмо, го надополнува и помага правилно да се разбере.

Светите отци, носители на Светото предание (Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст)

Светото предание се однесува на сите оние духовни богатства наследени од светите предци, кои се во совршена хармонија со Светото писмо. Светото предание е многу пообемно од Светото писмо. Апостолот и евангелист Јован вели: „И има многу други работи што ги направил Исус, кои, ако се наведат по ред, мислам дека ни во самиот свет, напишаните книги не би можело да ги собере“. (Јов. XXI, 25). Православната црква смета дека Светото предание е постаро од Новиот завет и дека е во целосна согласност со неговото објавување.

Во Православната црква Светото предание опфаќа:[1]

  • кратки излагања и формулирања на православното верување;
  • учењето за седумте свети тајни, како и чиновите како тие се вршат;
  • апостолски правила (канони);
  • правилата (каноните) на седумте вселенски собори;
  • канони и правила на неколку месни синоди или собори;
  • правила за црковна дисциплина на свети Василиј Велики и други светци;
  • списи на светите отци;
  • литургии и други црковни служби;
  • житијата на христијанските светци и маченици;
  • побожни обичаи, значења и симболи како израз на православната вера, надеж и љубов.

Денеска оние христијански цркви кои покрај Светото писмо го признаваат и почитуваат Светото предание се нарекуваат традиционални цркви (историски цркви). Тоа се Православната, Католичката и древните источни цркви.

Наводи

уреди
  1. Вера светих — Катихизис источне православне цркве, епископ Николај Д. Велимировић, издање Светог архијерејског синода, стр. 8 и 9