Светкава пеперутка
Светкава пеперутка | |
---|---|
Мажјак | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Nymphalidae |
Род: | Apatura |
Вид: | A. iris |
Научен назив | |
Apatura iris (Linnaeus, 1758)[1] | |
Синоними | |
|
Светкавата пеперуга (Apatura iris) е пеперуга од семејството на Шарени пеперуги. Оваа пеперуга ја има и во Македонија и важи за редок вид.
Опис
уредиВозрасните имаат темнокафеави крилја со бели ленти и дамки, и мал портокалов прстен на секоја од пречките. Мажјаците имаат распон на крилјата од 70–80 милиметри и имаат светкаво виолетово-син сјај на.[2] Ларвите (гасениците) се зелени со бели и жолти обележја, а имаат два големи „рогови“ на предниот крај и помал на задниот дел.
-
Дорзален поглед
-
Вентрален поглед
Живеалиште
уредиЖенките поголемиот дел од својот живот го поминуваат во крошна на дрвјата, фаворизирајќи густи и зрели дабови територии, слегуваат само да ги положат своите јајца во малите мирни грмушки.[3][4] Мажјаците, исто така, го поминуваат поголемиот дел од времето во врвовите на дрвјата, бранејќи ја својата територија од соперниците, иако понекогаш се симнуваат за да пијат од барички или да се хранат. За разлика од повеќето пеперутки, светкавата пеперуга не се храни од цвеќиња, туку со сокови од дрвајата и остатоци од животни.[2][3]
Животен циклус
уредиТие полагаат јајца кон крајот на летото на горниот дел од лисјата (дабови, тополи).[5] Ларвите стојат на листот, каде што се добро камуфлирани, и се хранат само ноќе. Во текот на зимата тие хибернираат во на мирни гранки, каде ја менуваат бојата од зелена во кафеава за да одговараат на околината. Следниот јуни тие формираат бледо зелена хрисалис, долг 30-35 мм и ширина од 12-15 мм, што личи на лист. Возрасните обично се појавуваат во јули, летајќи до август.
Подвидови
уреди- Apatura iris iris
- Apatura iris bieti Обертур, 1885 (Кина)
- Apatura iris xanthina Обертур, 1909
- Apatura iris kansuensis О. Банг-Хас, 1933
- Apatura iris amurensis Стичел, [1909]
Наводи
уреди- ↑ Apatura at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ 2,0 2,1 Heath J. & Maitland Emmet A. (1989) The Moths and Butterflies of Great Britain and Ireland, Vol.7 Part 1, Harley Books Ltd., Colchester: ISBN 0-946589-25-9
- ↑ 3,0 3,1 Kirby W.F. (1903) The Butterflies and Moths of Europe, Cassell & Co. Ltd., London: 432 pp.
- ↑ South R. (1921) The Butterflies of the British Isles, (Second edition), Frederick Warne & Co. Ltd., London: 210 pp.
- ↑ Heslop I.R.P., Hyde G.E. & Stockley R.E. (1964) Notes and Views of the Purple Emperor, Southern Publishing Co. Ltd., Brighton: 248 pp.