Свети Никола Чудотворец (кована пара од 2016 година)


Свети Никола Чудотворецкована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2016 година.

Свети Никола Чудотворец
Лице
Опачина
Поединости
Серија Икони на светци
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 31,1 г
Димензии 30 x 45 мм
Облик правоаголен
Издадена 2016
Цена 3.800 ден.

Опис уреди

Лице уреди

На лицето, во горниот дел од монетата се прикажани Грбот на Република Македонија, натписот „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање - „2016“. Во средишниот дел на монетата, од лево е претставена слика на базиликата „Св. Никола“ во Бари, Италија. Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската православна црква „Св. Никола“ во Бари. Од десно се статуата на Свети Никола во катедралата „Св. Исак“ во Санкт Петербург, ознаката „Ag925“, како и масата на монетата „31.1 г“. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.[1]

Опачина уреди

На опачината, во средишниот дел од монетата е претставен гравиран и насликан портрет на Свети Никола Чудотворец врз основа на иконата во црквата „Св. Серафим Саровски“ во Санкт Петербург. Под портретот стои натписот: „Свети Никола Чудотворец“ (на руски јазик).[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „СВЕТИ НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ". Посетено на 8 јануари 2018.