Свети Мартинијан
Свети Мартинијан е христијански светец од 5 век.
Свети Мартинијан | |
---|---|
маченик | |
Починал(а) | 422 |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква Православна црква |
Слава | 13 февруари (Православна црква) |
Во 18 година се оддалечил во планина во Кападокија и таму поминал 25 години. Според христијанското верување кога една жена дошла да го искушува, видел дека ќе падне во грев со неа, скокнал бос во огнот и постојал во него сè додека болката не му пуштила солзи од очите и не ја убил во него секоја желба. Кога настанале други искушенија, тој побегнал на некоја осамена карпа во морето и таму живеел. Но кога, при некој бродолом, и на таа карпа испливала некоја жена, скокнал во морето да се удави, но делфините го дочекале на грб и го изнесле на брегот. Тогаш се решил никаде повеќе да не се населува постојано, туку непрестајно да патува. И така, за две години поминал 164 града, исправајќи ги и советувајќи ги луѓето. Најпосле стасал во Атина, во 422 година[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 13 февруари.
Наводи
уреди- ↑ „Охридски пролог“ стр. 62