Сараевска Хагада (хебрејски: הַגָּדָה- приказна, прераскажување, раскажување) — еврејски ракопис насликан кодекс, кој потекнува од средновековна Шпанија.[1] Се смета за една од најубавите книги од ваков вид и се чува во Националниот музеј во Сараево и е во негова сопственост од 1894 година, а пред тоа припаѓала на еврејското семејство Коен од Сараево.

Страна од сараевската Хагада

Историја

уреди

Се претпоставува дека е создадена околу 1350 година во Барселона, која тогаш била дел од Кралството Арагон. Сараевската хагада ја напуштила Шпанија заедно со Евреите во 15 век а постојат податоци дека уште во 1609 г. се наоѓала во Италија.

Содржината на сараевската хагада била напишана со калиграфско писмо на обработена и рафинирана кожа, во период кога хартијата сè уште не била влезена во масовна употреба. Оваа исклучителна ракописна книга има 142 пергаментни листови, со димензии 16,5х22,8 см. Тие се врзани во табаци од по осум или дванаесет страници. На првите 34 листови има 69 минијатури со сцени од библиската историја, од создавањето на светот до смртта на Мојсеј и со приказ на локалните обичаи за пасха. Текстот е напишан на 50 листови со квадратно хебрејско писмо од средновековен шпански тип со илуминации, знамиња и магискули (големи почетни букви) во боја и со позлата и други уметнички решенија во кои може да се види готско-провансалското влијание. На крајот од кодексот има додаток со збирка песни, избор од Талмудот, молитвеник и Библијата со делови за други празници, без украси.

Наводи

уреди
  1. Бранко Станковиќ (25 јуни 2020). „Књиге златом опточене и најскупља књига на свету“ (српски). ртс.рс. Посетено на 29 May 2024.

Литература

уреди
  • Вербер, Еуген (1983). Сарајевска хагада. Београд и Сарајево.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • К. Рот:Сарајевска хагада и њен значај у историји уметности, Јеврејски алманах за год 1959—1960, Београд стр. 16—28