Кубен сантиметар
Кубен сантиметар (симб. см3, cm3, cc) е мошне застапена единица за волумен (зафатнина), сразмерна на изведената SI-единица кубен метар. Соодветствува на волуменот на коцка со димензии 1 см × 1 см × 1 см. Еден кубен сантиметар е 1⁄1000000 од волуменот на еден кубен метар, или 1⁄1000 литар (еден милилитар). Затоа 1 cm3 ≡ 1 mL. Еден кубен сантиметар вода на температура од 3,98 °C (кога водата е најгуста) има приближна маса од еден грам.
кубен сантиметар | |
---|---|
![]() Мерна чаша што содржи 1000 кубни сантиметри, односно еден литар (1 л) или 1000 милилитри (1000 мл). | |
Информации за мерката | |
Мерен систем | SI изведена единица со префикс |
Единица за | Зафатнина) |
Ознака | cm3 |
Претворање на единици | |
1 кубен сантиметар во ... | ... е еднакво на ... |
Основни SI единици | 1.0×10−6 m3 |
Империјални и американски единици | 0.06102374 in3 |
Во многу научни области, кубниот сантиметар е заменет со милилитри, но истиот е сеприсутен во автоиндустријата, каде ја изразува работната зафатнина или „кубикажа“[1] на автомобилските мотори и се среќава означен како cc. На пример, мотор од 2300 „кубици“ има истоветна работна зафатнина од 2,3 Л (бидејќи см3 = 1 Л)
Наводи
уреди- ↑ „кубикажа“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет