Санта Фе (филм од 1951)

Санта Фе (англиски: Santa Fe) – американски филм од 1951 година, во режија на Ирвинг Пичел. Сценариото го напишале Кенет Гамет и Џејмс Ванс Маршал. Главните улоги ги толкуваат: Рандолф Скот, Џенис Картер и Џером Кортленд.

Содржина уреди

По завршувањето на граѓанската војна во САД, четворица браќа, кои се бореле на страната на Конфедерацијата, се упатуваат кон Санта Фе. Патем, силите на Северот градат железничка пруга и еден од браќата одлучува да им се придружи. Меѓутоа, неговите тројца браќа, полни со омраза кон своите непријатели од војната, се обидуваат да ја попречат изградбата...

Наводи уреди