Санација на животната средина
Санација на животната средина е чистење од опасни материи кои се занимаваат со отстранување, третман и контрола на загадувањето и загадувачите од еколошките средини како што се почвата, подземните води, седиментот.[1] Санација може да биде потребна со регулативи пред да се развијат проекти за ревитализација на земјиште. На волонтери кои доброволно се согласуваат да чистат можно е да бидат понудени стимулации во рамките на државните или општинските програми како што е Програмата за чистење на Браунфилд на државата Њујорк. Ако санацијата се врши со отстранување, отпадните материјали едноставно се транспортираат надвор од локацијата за да се отстранат на друга локација. Отпадниот материјал може да биде чува и со физички бариери како што се подземни ѕидови. Употребата на подезмни ѕидови е добро воспоставена во градежната индустрија. Примената на фугирање со притисок, што се користи за ублажување на ризиците од втечнување на почвата во Сан Франциско и други зони на земјотреси,[2] постигнало мешани резултати во теренските тестови за да се создадат бариери, а резултатите варираат по локацијата и зависат од многу променливи услови кои во голема мера кои имаат големо влијание врз резултатите.[3][4]
Санациските активности генерално подлежат на низа регулаторни барања, а истовремено се засноваат на проценки на човековото здравје и еколошки ризици каде што не постојат законски стандарди или каде што стандардите се советодавни.[5]
Стандарди за санација
уредиВо Соединетите Американски Држави, прелиминарните цели за санација се водат од Агенцијата за заштита на животната средина.[6] Европската унија (ЕУ) се движи кон исти стандарди низ Европа, иако повеќето од индустријализираните земји во Европа моментално имаат свои стандарди. Во Канада, повеќето стандарди за санација ги поставуваат провинциите поединечно, но канадскиот совет на министри за животна средина обезбедува насоки на федерално ниво.[7]
Проценка на локација
уредиОткако ќе се пронајде локација која е контаминирана, се проценува контаминацијата.[8] Историската употреба на теренот и материјалите што се користат и произведуваат на локацијата ќе ја води стратегијата за проценка и видот на хемиска анализа што е потребна. На пример, паркинг можел да биде израмнет со користење на контаминиран отпад во полнењето. Исто така, важно е да се земе предвид контаминацијата на блиските локации надвор од локацијата, често преку децениски емисии во почвата, подземните води и воздухот. Горниот слој на почвата, површинските и подземните води на блиските имоти, исто така, треба да се тестираат, и пред и по каква било санација.
Технологии
уредиМоже да се категоризираат на два метода: технологија што се употребува на лице место и надвор од местото на контаминација. Едните методи вклучуваат ископување на погодените почви и последователен третман на површината, како и екстракција на контаминирани подземни води и третман на површината. Другите методи се обидуваат да ја третираат контаминацијата без отстранување на почвите или подземните води. Развиени се различни технологии за санација на почва/седименти контаминирана со нафта.[9][10]
Традиционалните пристапи за санација се состојат од ископување почва и отстранување на депонијата и подземните води „пумпа и третирање“. Технологиите на самото место вклучуваат, но не се ограничени на: зацврстување и стабилизација, екстракција на пареа на почвата, пропустливи реактивни бариери, биосанација - фитосанација, хемиска оксидација се користат интензивно во САД.[11]
Биосанација
уредиБиосанација е процес кој третира загадена област со менување на условите на животната средина за да се стимулира растот на микроорганизми или преку активност на природни микроорганизми, со што се намалува присуството на контаминирани материи. Биосанација се врши или на загаденото место или по отстранувањето на контаминираните почви на друго поконтролирано место.
Во минатото, поради недостатокот на соодветно производство на микроби за санација, немало масовна имплементација. Во САД, произведувачите на микроби за биосанација мора да бидат одобрени од Агенцијата за опазување на еколошката средина; сепак, агенцијата била внимателна околу негативните надворешни ефекти кои можело да произлезат како резултат на овие мерки. Една од нивните грижи е дека токсичните хемикалии ќе доведат до деградација на генот на микробот, кој потоа би се пренесело на други штетни бактерии, создавајќи повеќе проблеми, доколку патогените ја развијат способноста да се хранат од загадувачи.[12]
Заливот Хомбуш, Нов Јужен Велс, Австралија
уредиДиоксините кои што се користеле во производството на сега забранетиот пестицид го загадиле заливот Хомбуш. Санацијата завршила во 2010 година, но риболовот е забранет.[13][14]
Наводи
уреди- ↑ „Understanding Remediation“. NYC Economic Development Corporation.
- ↑ „Liquefaction Remediation Near Existing Lifelines ]page=28“ (PDF). NIST.
- ↑ „A field test of permeation grouting in heterogeneous soils using a new generation of barrier liquids“. US Department of Energy Office of Science and Technical Information (OSTI).
- ↑ „Grouting Techniques in Bottom Sealing of Hazardous Waste Sites“. EPA.
- ↑ Watts, Ryan (2019-10-22). „Environmental Diligence Home Builders Must Follow Before Building“. nedstevens.com (англиски). Посетено на 2021-01-28.
- ↑ US EPA, ORD (2015-09-03). „Regional Screening Levels (RSLs) - Generic Tables“. www.epa.gov (англиски). Посетено на 2022-08-29.
- ↑ Canada, Environment and Climate Change (2022-05-04). „Supplemental guidance on implementation of Canada-wide standard for petroleum hydrocarbons in soil at federal contaminated sites“. www.canada.ca. Посетено на 2022-08-29.
- ↑ „Environmental Site Assessment Basics | ESA Phase One“. ESA Phase One (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-03-07. Посетено на 2017-05-17.
- ↑ Agarwal, Ashutosh; Liu, Yu (2015). „Remediation technologies for oil-contaminated sediments“. Marine Pollution Bulletin. 101 (2): 483–90. Bibcode:2015MarPB.101..483A. doi:10.1016/j.marpolbul.2015.09.010. PMID 26414316.
- ↑ „Environmental Due Diligence and Remeditation Information“. ESA Phase One. Архивирано од изворникот на 2019-03-07. Посетено на 2017-05-17.
- ↑ „In-Situ Treatment Technology Optimization“. Federal Remediation Technologies Roundtable. Архивирано од изворникот на 2019-02-12. Посетено на 2015-06-10.
- ↑ Ezezika, Obidimma C; Singer, Peter A (2010). „Genetically engineered oil-eating microbes for bioremediation: Prospects and regulatory challenges“. Technology in Society. 32 (4): 331–5. doi:10.1016/j.techsoc.2010.10.010.
- ↑ Cubby, Ben (June 13, 2010). „Toxic scrub-up a success“. The Sydney Morning Herald.
- ↑ Davies, Anne (October 30, 2010). „The poison that got away“. The Sydney Morning Herald.