Сазае-они (栄螺鬼, [бук. „школка чудовиште“] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help)) се суштества од јапонската митологија, кои наликуваат на огромни мекотели. Тие се еден вид на обаке, кои се формираат кога турбан полжавите, особено рогатиот турбан, ќе достигнат 30 години.[1]

„Сазае-они“ илустрирано од
Торијама Секиен.

Митологија

уреди

Најпопуларната Сазае-они легенда потекнува од Уакајама кога група пирати спасиле давеничка од морето и ја качиле на бродот. Тие се натпреварувале за нејзиното внимание, но наскоро откриле дека таа била подготвена да има интеркурс со сите нив, за потоа да им ги отсече тестисите. Мажите, очигледно вознемирени, ја фрлаат во океанот, кога таа ја открива нејзината вистинска форма и се спогодува со капетанот за да им ги врати тестисите. Сазае-они на крајот си заминала со голема количина на пиратско злато. Тестисите понекогаш се нарекуваат како „кин-тама“ или „златни топки“ на јапонски, па поговорката вели дека златото било купено со злато.[2][3] Другите легенди на овие суштества ги прикажувале како талкаат во крајбрежните или приморските гостилници, маскирани како луѓе, по што го јаделе гостилничарот во текот на ноќта, а потоа бегале пред зората.

Еисуки е дух на 30-годишна „сазае“, или похотлива жена фрлена во морето која се претворила во сазае, која по многу години се појавува во морето во ноќите со полна месечина. Постои и теоријата дека таа танцувала и изгледала како змеј.[2]

Иако не се смета за сазае, постои „абалон чудовиште“ слично на турбан полжавите. Според „Босо Ширио“ и „Казуса но Ни“, морско уво од огромен габарит се појавило на брегот на Иуада во Онџуку, Чиба. Се вели дека чудовиштето би го разбранувало морето ако некој го допре. Некоја жена која се заљубила во некој рибар го налутила чудовиштето, разбранувајќи го морето, по што рибарот се удавил.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 稲田篤信・田中直日編, уред. (1992). 鳥山石燕 画図百鬼夜行. 高田衛監修. 国書刊行会. стр. 278. ISBN 978-4-336-03386-4. Text "和書" ignored (help)
  2. 2,0 2,1 山室静執筆代表 (1977). 妖怪魔神精霊の世界. 自由国民社. стр. 50. Text "和書" ignored (help); Занемарен непознатиот параметар |ncid= (help)
  3. „Sazae-oni“. yokai.com. Посетено на 20 December 2013.
  4. 藤沢衛彦 (1917). 日本伝説叢書. 上総の巻. 日本伝説叢書刊行会. стр. 91-96. Text "和書" ignored (help); Занемарен непознатиот параметар |ncid= (help)

Надворешни врски

уреди