Саат-кула (Штип)

саат-кула во Штип

Саат-кулата во Штип — времемерно здание во градот Штип.[1] Претставува заштитен споменик на културата.

Саат-кула
Поглед на Саат-кулата во Штип
Карта
Бегова кула
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видсаат-кула
МестоШтип
ЗемјаМакедонија
Координати41°44′19″N 22°11′36″E / 41.73861° СГШ; 22.19333° ИГД / 41.73861; 22.19333
Почната1650
ЗавршенаXVII век

Била изградена како кула-стражарница, односно како станбено-одбранбена кула, која подоцна била адаптирана во саат-кула.[1]

Меѓу граѓаните на градот Штип, кулата е позната како Бегова кула.[2]

Историја

уреди
 
Стара разгледница на градот Штип, на кој се гледаат пазарот и градскиот часовник

Кулата била изградена од турски бег, кој живеел во градот Штип, но неговото име не е никаде запишано. Кулата ја изградил за да го заштити семејството во лоши времиња. Објектот поседувал пушкарници и балкон. Подоцна, на објектот бил поставен и часовен механизам.[2] Била изградена во 1650 година.

Дел од кулата бил урнат во 1934 година. Причината за уривањето има повеќе верзии.[2]

Кулата е оставена на забот на времето и освен помали заштитни зафати, нема извршено никакво реновирање, поради што ѝ се заканува еродирање. Постоеле обиди за нејзина обнова, а биле најдени и средства од граѓанин на Штип, но поради отпор од сопствениците на блиските семејни домови, идејата за обнова не се остварила.[3]

Моментално, саат-кулата е обрасната со трева, непристапна за граѓаните и без осветлување. Веќе неколку години не работи ни самиот часовен механизам. На кулата ѝ е потребна реконструкција со зајакнување на нејзината конструкција.[4]

Со проектот од 2007 година било предвидено вградување на 10 тони челик, а целата саат-кула да се претвори во изложбен простор, како и да се отвори сувенирница.[4] Воедно, со проектот се планира висината на кулата да биде зголемена за 12 метри, односно да биде висока околу триесетина метри, а се планирало да бидат поставени и три големи часовници.[5]

Градба

уреди
 
Поглед на саат-кулата меѓу семејни куќи

Била подигната како беговска одбранбена станбена кула во XVII век, а подоцна била пренамената во саат-кула. Според ракопис на еден од одржувачите на саат-кулата, потекнува од 1650 година.

Била сместена во близина на чаршијата и безистенот.

Легенда

уреди

Некој турски бег се заљубил во убавата штипјанка Анка. Сакал да ја потурчи и во тоа бил мошне упорен. Таа за да се ослободи од него, рекла дека ќе се потурчи, но тој за возврат на градот како сеќавање да остави убав спомен. На пример, една кула која ќе биде и градски саат. Анка мислела дека бегот ќе се откаже од нејзината љубов. Меѓутоа, Турчинот, бидејќи бил заљубен во убавата Анка, за сосема кусо време ја изградил кулата и ја одвел со себе младата штипјанка.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Саат кула“. Штип: Општина Штип. Архивирано од изворникот на 2020-01-26. Посетено на 19 јули 2016.
  3. Бојаџиски, Иван (5 август 2012). „Соседите не дозволуваат реновирање на саат-кулата во Штип“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 19 јули 2016.[мртва врска]
  4. 4,0 4,1 „Саат кулата во Штип тоне во заборав“. Скопје: Радио МОФ. 11 јуни 2013. Посетено на 19 јули 2016.
  5. „Заради спорен објект не може да се реставрира саат кулата во Штип“. Штип: Ирис. Посетено на 19 јули 2016.

Надворешни врски

уреди

41°44′19″N 22°11′36″E / 41.73861° СГШ; 22.19333° ИГД / 41.73861; 22.19333