Саат-кула (Велес)

саат-кула во Велес

Саат кулата во Велес била изградена во првата половина на 18 век, кулата во централното градско подрачје на Велес служела како осматрачница за отоманските власти. Кон крајот на 18 век, во периодот на преродбата во Велес, кулата била претворена во градски саат. Оттогаш камбанаријата на часовникот е постојан потсетник за времето за граѓаните на Велес.[1]

Градскиот саат во Велес

Со својата специфична архитектура, оваа градба од камен со раскошен врв денес е неодминлив симбол на Велес, присутен и на грбот и знамето на градот. Кулата овозможува убав поглед на централното градско подрачје. Ентериерот кој е израз на древната игра на дрвото и каменот ја прави оваа туристика атракција уште поинтересна. Градскиот саат кој им одолеал на вековите, веднаш го привлекува вниманието на љубителите на специфичната урбана архитектура.

Наводи

уреди
  1. Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.