Саат-кула во Невесиње

Саат-кулата се наоѓа во самиот центар на старата чаршија во Невесиње, Босна и Херцеговина и претставува национален споменик. Изградена е пред 1664 година, бидејќи се споменува во белешките на познатиот османлискиот патописец Евлија Челебија, кој ја опишал во своето дело Siyahatname („Патопис”).[1]

Саат-кула во Невесиње
Центарoот на Невесиње со Саат-кулата
Карта
Општи податоци
ГрадНевесиње
ЗемјаБосна и Херцеговина
Почната1664

Локација

уреди

Остатоци од Дугалиќ џамијата (Џамија на хаџи Велијјудин Бакрач или Велагина џамија) со саат-кулата во Невесиње се сместени во Дугалиќ (Пахљевиќ) Маало, на локацијата која ја опфаќа к.п. број 590 (нов премер, што одговара к.п. бр. 790/1, 791 и 792, стар премер), а во сопственост е на Исламската верска заедница Оџак, во Општина Невесиње, Република Српска, Босна и Херцеговина.

Изглед

уреди
 
Саат кулата во Невесиње со црквата Вознесение Христово во позадина

Саат-кулата во Невесиње претставува еднопросторен објект со приближно четириаголна основа, со кров на четири води. Димензиите на објектот, мерени однадвор, изнесуваат 3,25 м x 3,45 м. Висината на саат-кулата, мерена од нивото на главната улица до врвот на кровот, изнесува околу 16,50 м. Структурата на ѕидот е оставена така да се гледа однадвор и однатре. Блоковите од камен се меѓусебно поврзани со варовен малтер. Поради изедначување на нивото на теренот, објектот е поставен на постамент (две камени сскалила) со вкупна висина од 70 см. Постаментот е видлив од северозападната и југозападната страна на објектот.[2]

На висина од отприлика 13,0 м се наоѓа камен венец, кој за 6,0 см излегува од рамнината на ѕидот. Под венецот на сите четири страни на објектот изведени се кружни отвори во кои се сместени саатови. Над венците на сите четири страни на објектот се наоѓаат прозорски отвори. Прозорските отвори се дефинирани со камени допрозорници (шембрани). Завршени се со лак изведен во форма на камена потковица. Просторот под кровниот венец е украсен со конзолички. Во просторот под кровот на објектот сместено е ѕвоно.[2]

Саат-кулата е завршена со четвороводен кров, покриен со рамен лим. Дебелина на ѕидовите на кулата е 80 см, додека висината е 16,5 м. На неа се воочливи влијанија од каснороманичките кули, италијанските кампанили и дубровничките саат-кули, во примена на квадратната форма со должина на секоја страна од околу 3 м, а видливи се и во кружните отвори за саатовите и на декорацијата на кровниот венец. Во 1891 година поставен е на оваа саат-кула нов саат со три бројчаници, од кои оној од југоисточната страна имал османлиски, оној од североисточната римски, а оној од југозападна страна сè уште има арапски броеви. Во текот на осумдесеттите години од 20-от век, на оваа саат-кула поставени се нови бројчаници од пластика со арапски броеви и нов саат.[3]

Реставрација

уреди

На саат-кулата во повеќе наврати низ историјата се вршени преправки. Преуредување на самиот механизам се случило во 1891 година, потоа во 1980 и 2000 година, во текот на соборот на Самарџиќи. При последното реновирање исфрлен е стариот механизам на часовникот и ставен е електромотор кој набргу се расипал. Стариот механизам ги придвижувал часовниците со помош на тегови со сајли долги 15 метри.[2]

Денес се влегува во дворот на саат-кулата од пешачката улица од југозападна страна, а во објектот се влегува од југоисточна страна. Влезот е засводен со едноставен сегментен лак. Во внатрешноста на објектот се наоѓаат четири нивоа на стрмни дрвени скали, со широчина од околу 60 см.[4] За осветлување на внатрешноста на објектот на југоисточната фасада изведени се два кратки правоаголни отвори кои се шират кон внатрешноста.

Покрај североисточната фасада на саат-кулата се наоѓа еднокатен објект низ кој првично се влегувало во просторот на харемот. Влезот, сместен во приземјето на објектот, бил изведен како широк натсводен премин. Над него имало мал чардак, простор во кој се влегувало преку надворешни скали од харемот.[2]

Националeн споменик

уреди

Комисијата за зачувување на националните споменици на Босна и Херцеговина на 2 јули 2005 година донела одлука со која местото и остатоците од градителската целина на Дугалиќа џамија (Џамија хаџи Велијјудина Бакрача или Велагина џамија) со историската градба саат-кулата во Невесиње се прогласуваат за национален споменик на Босна и Херцеговина.[2]

Наводи

уреди
  1. „Ускоро почиње рестаурација сахат-куле у Невесињу“. Херцег ТВ. Посетено на 14 ноември 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Национални споменик“. Босна и Херцеговина, Комисија за очување националних споменика. Архивирано од изворникот на 2017-12-06. Посетено на 14 ноември 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. „Културна добра - период турске владавине“. Општина Невесиње. Посетено на 14 ноември 2017.[мртва врска]
  4. „Невесиње: Ускоро реконструкција чувене сахат-куле“. Моја Херцеговина. Посетено на 14 ноември 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Литература

уреди
  • Kreševljaković, Hamdija, Sahat-kule u Bosni i Hercegovini, "Naše starine" IV, Sarajevo, 1957.
  • Hasandedić, Hivzija, Muslimanska baština u istočnoj Hercegovini, "El-Kalem", Sarajevo, 1990.
  • Pašić, Amir, Islamic architecture in Bosnia and Hercegovina, Istanbul, 1994.
  • Čelebi, Evlija, Putopis, Izdavačko preduzeće "Sarajevo Publishing", Sarajevo, 1996.
  • Mujezinović, Mehmed, Islamska epigrafika Bosne i Hercegovine, knjiga III, 3. izdanje, biblioteka "Kulturno naslijeđe", Sarajevo Publishing, 1998.

Надворешни врски

уреди