СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија

Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ — средно училиште во Гевгелија[1]. Училиштето е формирано на 7 јули, 1952 година кога неполната нижа гимназија со исто име прераснува во полна (осумкласна) гимназија, со решение на Советот за просвета, наука и култура при Владата на НР Македонија, а со работа започнува на 28 септември во новоизградена зграда кај Железничката станица.

СОУ „Јосиф Јосифовски“

Место
Општина: Гевгелија
Место: Гевгелија
Адреса: ул. „Македонија“ бр. 1
Основни информации
Директор: Борче Нечевски
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал josifjosifovski.edu.mk

Во 1976 година извршено е интегрирање со Металското училиште „Ристо Поп-Ристов“ при што е формиран училишниот центар за средно образование „Јосиф Јосифовски“ со 19 паралелки во гимназиска и 6 паралелки во металска насока. Во 1977/78 година отворена е електро-насока, а во 1978/79 година и угостителска насока. Во тоа време биле застапени повеќе образовни профили од машинска струка: металостругари, бравари, машинобравари и машински техничари; во електро-струката: РТВ-механичари, електроинсталатери и електротехничари за слаба и силна струја; во угостителската струка: келнери и готвачи, а четврт степен хотелско-туристички техничар е воведен во 1989 година.

Гимназијата во 1982/83 според новиот концепт се трансформира во Биотехничка и Културолошка гимназија, а воведена е и економска струка.

Лична карта

уреди

Денес СОУ „Јосиф Јосифовски“ има површина од 3157 м2 кои опфаќаат: простории за раководната служба и наставниците, простории за ученички организации и библиотека, училници за општа намена кои имаат компјутерска техника, специјализирани наставни простории за информатика, угостителска и фискултурна сала и работилници. Училиштето има 48 простории, административни и простории за изведување настава.

Моментно во Училиштето учат 1005 ученици, во 40 паралелки од прва до четврта година, во следниве образовни профили:Економско трговска струка

Гимназиско образование

уреди
  • општествено-хуманистичко подрачје, комбинација А (четврт степен)
  • природно-математичко подрачје, комбинација А и Б (четврт степен)

Машинска струка

уреди

Угостителско-туристичка струка

уреди

Економско-правна и трговска струка

уреди

Учество на натпревари

уреди

Меѓународна Олимпијада по физика, Државен натпревар по македонски јазик и литература, Републички хорски смотри, Француска шансона, Државни натпревари по математика, физика, историја, биологија итн., Средношколска Олимпијада, Образовно рандеву, Матурски танц, МАССУМ, Струмички карневал, Гимназијада, Државен натпревар по „Техничка механика“ и „Автомеханичари“, Меѓународни и државни натпревари по туризам, послужувањеи готварство, Спортски натпревари по атлетика, ракомет, кошарка и футсал и други.

Освоени награди

уреди

Познати личности кои учеле во ова училиште

уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди