Скала на моментна магнитуда

(Пренасочено од СММ)

Скалата на моментна магнитуда или моментна скала (крат. СММ или MMS, се означува со симболот MW) — скала во сеизмологијата што се користи за мерење и изразување на величината на еден земјотрес со оглед на ослободената енергија.[1] Магнитудата (величината) се заснова на моментот на земјотресот, кој е еднаков на крутоста на Земјата помножена со просечното количество на слизнување на раседот и големината на слизнатата површина.[2] Скалата е измислена во 1970-тите како замена за Рихтеровата скала (ML). Иако формулите се различни, моментната скала ја задржува познатата последователност на величински (магнитудни) вредности утврдени во Рихтеровата. Оваа скала денес наоѓа сеопшта примена во Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) при изразувањето на магнитудите на сите поголеми земјотреси во денешницата .[3]

Дефиниција

уреди

Симболот на скалата на моментна магнитуда е  , со долен индекс   што значи извршена механичка работа. Моментата магнитуда   е бездимензионален број утвреден со

 

каде   е магнитудата (величината) на сеизмичкиот момент во дински сантиметри (10−7 N·m).[1] Константните вредности во равенката се одбрани за да се постигне усогласување со величинските вредности на другите скали, највеќе скалата на локален момент, т.е. Рихтеровата скала.

Како и кај Рихтеровата скала, порастот за едеен степен во овој логаритамскиот размер соодветствува на 101,5 ≈ 32-кратен пораст во количеството на ослободена енергија, а пораст од два степена соодветствува на 103 = 1000-кратен пораст на енергијата.

Израчена сеизмичка енергија

уреди

Потенцијалната енергија е складирана во Земјината кора во облик на насобрано напрегање. При земјотрес, од оваа складирана енергија се претвора во:

  • пукнатини и деформации во карпите
  • топлина
  • израчена сеизмичка енергија  .

Сеизмичкиот момент   е мерка за изразување на вкупното количество на претворена енергија при земјотрес. Само мало делче од сеизмичкиот момент   се претвора во израчена сеизмичка енергија  , што е она што го востановуваат сеизмографите. Користејќи ја оваа проценка

 

Во 1995 научниците Чој и Боутрајт ја дефинирале „енергетската магнитуда“ [4]

 

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 Hanks, Thomas C.; Kanamori, Hiroo (5/1979). „Moment magnitude scale“ (PDF). Journal of Geophysical Research. 84 (B5): 2348–2350. doi:10.1029/JB084iB05p02348. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-08-21. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Glossary of Terms on Earthquake Maps“. USGS. Посетено на 21 март 2009.
  3. USGS Earthquake Magnitude Policy
  4. Choy, George L.; Boatwright, John L. (1995), „Global patterns of radiated seismic energy and apparent stress“, Journal of Geophysical Research, 100 (B9): 18205–18228, Архивирано од изворникот на 2011-06-06, Посетено на 2011-02-26

Наводи

уреди
  • Choy GL, Boatwright JL (1995). „Global patterns of radiated seismic energy and apparent stress“. Journal of Geophysical Research. 100 (B9): 18205–28. doi:10.1029/95JB01969.
  • Utsu,T., 2002. „Relationships between magnitude scales, in: Lee, W.H.K, Kanamori, H., Jennings, P.C., and Kisslinger, C., editors, International Handbook of Earthquake and Engineering Seismology: Academic Press, a division of Elsevier, two volumes, International Geophysics, vol. 81-A, pages 733-746“. Наводот journal бара |journal= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди