Руј (планина)

планина во Бугарија и Србија

Руј е погранична планина меѓу Бугарија и Србија. Највисоката и точка е врвот Руј (1.706м).

Руј
Руй, Руј-планина
Поглед Руј на од село Глоговица.
Највисока точка
Надм. вис.1.706 м
Друго имеРуй, Руј-планина
Географија
Руј на карта

Карта

Место Бугарија  Србија
Матичен венецВерило-Рујската група
Искачување
Најлесен патЛесно планинарење.

Наоѓа се во западна Бугарија, во близина на градот Трн и југоисточна Србија во близината на селото Звонце. Зазема најзападниот дел на Рујско-Верилската планинска група. По вододелното било на планината поминува државната граница меѓу Бугарија и Србија. Во јужна и источна насока на бугарска територија таа е ограничена со долината на реката Ерма. На запад се поврзува со Рудина Планина. Непосредно на југоисток од неа се наоѓа помала Ездимирска Планина. се протега во насока исток-запад со должина од 20 км и ширина 8 км. Вкупната и површина е околу 86 квадратни километри. Таа е масивна, куполовидна планина од блоков тип и во голема мера во надворешниот си изглед е слична на Витоша.[1] Некои од главните туристички правци во бугарскиот дел на Руј се означени со двонасочна (летна) ознака.

Наводи

уреди
  1. Николов, В., Йорданова, М. Планините в България, София, 1997, стр.80-83.

Поврзано

уреди