Рушански јазик
Рушанскиот јазик ― еден од памирските јазици што се говорени во Авганистан и Таџикистан. Рушанскиот е релативно близок со сета севернопамирско јазична подгрупа безоглед дали со шугнискиот, јазгуламскиот, сарикулскиот или орошорскиот дели многу граматички и речникови особености на сличен начин со сите од нив, особено со шугнискиот и со тоа некои лингвисти го сметаат како наречје на шугнискиот.
Рушански јазик | |
---|---|
ręxen zęv, ręxenay zęv | |
Застапен во | Авганистан, Таџикистан |
Говорници | (18,000 во 1990 г.)[1] |
Јазично семејство | Индоевропски
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Рушанскиот реон е поделен на два дела со реката Панџ, каде што на десниот брег заедно реката Бартанг на исток се наоѓа рушанскиот реон во Горнобадахшанската автономна област, Таџикистан и на левата страна се наоѓа на неколку села во рушанскиот реон во северниот дел на Шегнанскиот округн, во покраината Бадакшан на Авганистан и Горнобадахшанската автономна област во Таџикистан. Авганистанскиот Рушан се состои од шест села, вклучително Руботин, Пагуор, Чауед, Јорк, Шаихин и Часнуд, од кои пет се наоѓаат на брегот на реката Панџ, која е на границата со Таџикистан.[2] Повеќето рушански говорници припаѓаат на исмаилскиот огранок на шиитскиот ислам.
Употреба на јазикот
уредиРушанскиот, како и шугнискиот, се користи само во неслужбени услови. Сите деца во заедницата го учат рушанскиот како прв јазик и многу се потпираат на него сè додека не се запишат на училиште. Дури тогаш го учат службениот јазик на земјата.[2] Возрасните говорители се двојазични или тројазични на таџикистанскиот и рускиот јазик.
Традиционално рушанскиот не бил пишан јазик, а рушанските говорители пишувале на персиски јазик.[3] Развиени биле системи за пишување за овој јазик со кирилично и латинско писмо, на пример за употреба во превод на делови од Библијата од страна на Институтот за превод на Библијата.
Книжевност
уреди- Зарубин, И. И. . Bartangskie i rushanskie teksty i slovar. Москва : Издаваштво на Академијата на науките на СССР, 1937 година.
- Пејн, Џон, „Pamir languages“ во Compendium Linguarum Iranicarum, ур. Шмит (1989), 417 – 444.
- Пејн, Џон. „The decay of ergativity in Pamir languages“. Lingua 51: 147-186.
Наводи
уреди- ↑ Предлошка:E18
- ↑ 2,0 2,1 Muller, K. 2010: Language in Community-Oriented and Contact-Oriented Domains: The Case of the Shughni of Tajakistan. SIL International.
- ↑ Dodykhudoeva, L. 2007: Revitalization of minority languages: comparative dictionary of key cultural terms in the languages and dialects of the Shugni-Rushani group. London: SOAS.
Надворешни врски
уреди- Рушанскиот [1] на Проектот за загрозени јазици