’Ртвели

(Пренасочено од Ртвели)

’Ртвели (грузиски: რთველი) – традиционална берба на грозје и рурален празник на бербата во Грузија, проследен со прослави, музика и приредби. Обично почнува кон крајот на септември во источниот дел на Грузија и во средината на октомври во западна Грузија.[1]

’Ртвели во Кахетија од авторот Григориј Гагарин, 1847

’Ртвелито обично трае неколку дена, луѓето ја почнуваат бербата од рано утро, а денот го завршуваат со прослава и пеење народни песни чии теми се бербата и виното.[2][3][4]

Потекло на поимот

уреди

Името на празникот потекнува од древниот грузиски збор „stveli“, што значи „берба на овошје“. Со текот на времето, буквата s била заменета со r, а зборот означува само берба на грозје.[5]

Дневни активности

уреди
 
Гроздобер во периодот ’ртвели (Нико Пиросмани)

Во текот на денот цело семејство, заедно со пријателите и комшиите, се собира во лозјето и ја почнува бербата. Се работи или со голи раце или со посебни ножици. Сите садови поврзани со собирањето грозје и подготовката на вино се измиени и очистени многу темелно и внимателно.[5]

Се користат различни садови и инструменти:[6]

  • годори – издолжена корпа, исплетена од дренови прачки, за берба на грозје
  • сацнехели – дрвено корито за гмечење на грозјето. Гмечењето вообичаено се врши со нозе, обуени во чизми. Коритото има посебен отвор низ кој исцедениот сок се прелива во глинен сад квеври.
  • Квеври – глинен сад, во кој виното ферментира.
  • Марани – подрум, во кој се закопуваат глинените садови заради подобра ферментација.

Грозјето не се користи само за производство на вино. Од добиената комина се прави ракија чача, а од соковите слатките – пеламуши и чурчхела.[6]

Вечерни активности

уреди
 
Славење во периодот ’ртвели (Нико Пиросмани)

Вечерите поминуваат во изобилство на храна и пијалаци. Се служат големи количини грузиски деликатеси - шашлик, хинкали, сациви, лобио, хачапури, проследени со изобилство овошје и зеленчук и задолжителните чурхели. Количината и и разновидноста на сервираната храна и пијалаци не ја симболизира само богатат берба, туку се во знак на богата и успешна година.[1]

Според традицијата, што повеќе гости, посреќна е годината. Младото вино се дегустира, се наздравува, првата здравица е од домаќинот и обично е посветена на татковината, гозбата, грозјето, новото вино. Ова се повторува секоја ноќ во текот на празниците.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2   Sakartvelo Tour/Праздник сбора винограда
  2. Robert Parsons. Revelling in Georgia's grape harvest. Би-Би-Си њуз 26 октомври 2003
  3. Нато Алапишвили Move to Revive Georgian Wine Industry. Кавкаска разузнавачка служба бр. 307. 6 октомври 2005
  4. Kakheti - Wine Homeland Архивирано на 21 јули 2011 г.. Регионална влада Кахетија.
  5. 5,0 5,1   Georgian Jpurnal/Rtveli – Harvesting grapes, Georgian style Архивирано на 10 април 2019 г.
  6. 6,0 6,1   Georgia Travel/Ртвели Архивирано на 31 јануари 2017 г.

Надворешни врски

уреди