Ронеат е вид на ксилофон кој се употребува во камбоџанските оркестри пинпеат и мохори. Овие оркестри се главни застапници на традиционалната хмерска музика која се свири на кралскиот двор, која ги прати претставите на класичниот театар. Звучните плочници на овј вид ронеат ксилофон се обесени во низа како висечки мост над дрвеното звучно тело не допирајќи го.

Ронеат

Има два различни ронеат ксилофони, ронеат ек и ронеат тунг. Ронеат ек ја свири темата на мелодијата, служи како помош за оријентација за другите свирачи во оркестарот. Ронеат тунг го прати ронеат ек искитувајќи ја главната мелодија; неговите плочници се подесени подлабоко отколку оние на ронеат ек ксилофонот.