Ромските медиуми почнале да се развиваат во последните децении, нивната еволуција била под влијание од дијаспорскиот статус на Ромите (кои живеат како малцинство во многу земји).[1]

Интернет

уреди

Распространетиот статус на Ромите низ повеќе држави и релативно неодамнешната еволуција на ромските медиуми одредиле важна улога за интернетот како брзо и достапно средство за комуникација. Присуството на ромските медиуми на интернетот вклучува и веб страници за вести како што се Здружение Џено, Romea.cz или дРома-блог (на германски и ромски), исто така и новински мрежи како Ромската виртуелна мрежа.[2]

Телевизија

уреди

Постојат повеќе ромски ТВ станици (како ТВ Шутел[3] од Шуто Оризари, Република Македонија ) или ромски програми на локални телевизиски станици, како што е Караван ле Роменгири, ромска програма која се прикажува 2 часа неделно и е изнајмена од Ромската партија во Романија од ТВ Оглинда (останатиот дел од содржината на оваа ТВ станица нема ништо заедничко со ромската програма). Во Чешката Република има интернет страница за ромска телевизија - ROMEA TV . Повеќето ромски ТВ станици се наоѓаат во Централна и Југоисточна Европа.[4]

Радио

уреди
  • Гипси Радио: Меѓународно 24-часовно интернет-радио на ромски јазик произведено од членови на заедницата под нивна власт. Тој нуди портали за неколку поврзани организации.
  • Радио Романо: Ромско јазична радио станица на Радио Шведска.[5]
  • Харом соламра: Етничка програма на ловарски и бојашки јазик на унгарското државно радио.
  • Радио Дих[6]
  • Радио Ц[7]

Списанија

уреди
  • dRoma (ромска политика, култура, тшиб:ISSN 2075-6976) : Двојазично печатено списание за ромската заедница во Австрија, објавено на германски и ромски јазик. Без политичка или верска припадност. Основана во 2004 година од ромската невладина организација „Verein Roma-Service“. Бесплатно преземање на сите изданија (pdf) на: http://www.roma-service.at/droma/droma-2016.shtml.
  • È Romani Glindа (Ромското огледало;ISSN 1651-3258) : Списание посветено на ромските проблеми и новости во Шведска и Европа. Без политичка определба. Тесно соработува со тимот на Радио Романо во Радио Шведска . Статии на шведски . Објавува шест изданија годишно. Основана 1998 година. Главен уредник и издавач: Фред Таикон. Веб-страница: http://www.RomaniGlinda.се[мртва врска].
  • Le Romané Nevimata (Ромски новости: ISSN 1653-963X) : Списание наменето за ромската младина во Шведска, објавено во соработка со Romsk Kulturcentrum во Стокхолм. Без политичка определба. Статии на ромски и шведски јазик. Основа во 2007 година. Главен уредник и изадавач: Кети Димитер-Тајкон.[8]
  • Romani Posten(исто така Romaniposten, The Romani Post: ISSN 0809-8379) : Списание за ромската патничка заедница во Норвешка . Без политичка или верска припадност. Статии на норвешки. Се објавува осум пати годишно. Основана на 6 септември 2003 година како он-лајн публикација; прво печатено издание октомври 2006 година. Издавач и главен уредник: Џон Педерсен.

Наводи

уреди
  1. "Romani, Language Planning and the Media - Kratylos" (PDF)“ (PDF).
  2. "Lace avilen ko radio. Romani language and identity on the Internet".
  3. „TV Šutel at lyngsat-address.com“. Архивирано од изворникот на 13 август 2007. Посетено на 8 април 2022.
  4. „Europe, C. (2012). Human Rights of Roma and Travellers in Europe. Conseil de l'Europe. p. 51. ISBN 978-92-871-7200-6“.
  5. "Romani".
  6. "A new Roma radio station gets people talking about taboo issues in Hungary".
  7. „Erlanger, Steven (5 March 2001). "Budapest Journal; A Real Voice, at Last, for Hungary's Pariah People". The New York Times. Retrieved 4 December 2023“.
  8. "Le Romané Nevimata" (in Swedish). Archived from the original on 17 August 2010“. Архивирано од изворникот на 2010-08-17. Посетено на 2024-04-06.

Надворешни врски

уреди