„Ромео крвари“ (англиски: Romeo is bleeding) — филм на режисерот Петер Медак (Peter Medak) од 1993 година, снимен по сценариото на Хилари Хенкин (Hilary Henkin). Главните улоги ги играат: Гери Олдман (Gary Oldman), Лена Олин (Lena Olin), Анабела Шора (Annabella Sciorra), Џулиет Луис (Juliette Lewis), Рој Шајдер (Roy Scheider) и Вил Патон (Will Paton).[1]

Синопсис

уреди

Полицискиот детектив Џек Грималди (го игра Олдман) е решен да си го подобри животот. Оттука, тој работи за мафијашот Дон Фалконе (го игра Шајдер) кому му кажува каде ФБИ ги држи сведоците. Притоа, секоја исплата ја крие во една дупка во дворот, а наскоро станува опседнат со тоа како што повеќе да ја наполни дупката со пари. Истовремено, Џек ја изневерува сопругата натали (ја игра Скиора), а најнова љубовница му е младата Шери (ја игра Луис). Во една прилика, откако предава еден сведок, се случува голем масакр кој го извршува Мона Демарков (ја игра Олин). Тогаш, Грималди бара од мафијашот ветување дека повеќе нема да убива полицајци. Набргу, полицијата ја фаќа Мона, а додека Грималди ја води до ФБИ, таа го заведува при што агентите на ФБИ пристигаат во најнезгодниот момент. Грималди ја поткажува и неа, но пред да ја ликвидираат мафијашите, таа е преместена на друго место, а набргу успева и да побегне. Дон Фалконе му дава наредба на Грималди да ја најде Мона и да ја убие.

Наводи

уреди