Рок им парк
Рок им парк (германски: Rock im Park) — годишен музички фестивал, кој секој мај или јуни се одржува во народниот парк Дуцендтајх во Нирнберг. Фестивалот се одржува напоредно со Рок ам ринг и има речиси иста програма.
Историја
уредиМинхен и Виена (1993-1996)
уредиОд 1993 година, фестивалот се одржува како рок-фестивал на југот напоредно со Рок ам ринг како рок-фестивал на западот. Првото издание на фестивалот се одржало во Виена и истиот бил познат под името „Рок во Виена“. Во 1994 година, фестивалот се одржал на просторот на стариот аеродром Минхен-Рим како „Рок во Рим“. Од првото издание во Минхен, како организатори на фестивалот се јавуваат претпријатијата АРГО и Марек Либерберг. Во 1995 година, местото на одржување на фестивалот било преместено на Олимпискиот стадион и Олимпискиот парк во Минхен, а тогаш фестивалот го добил неговото сегашно име „Рок им парк“. На истото место, фестивалот се одржал и во 1996 година.
Нирнберг (од 1997)
уредиОд 1997 година, Рок им парк се одржува во Нирнберг. Сè до неговото обновување за потребите на Светското првенство во фудбал 2006, средишната бина на фестивалот била на стадионот Макс Морлок. Во 2004 година, одржувањето се преместило на соседното Цепелинското поле во рамки на површините со кои располагала Националсоцијалистичка германска работничка партија. Поради непосредните подготовки за светското првенство во фудбал, фестивалот морал повторно да се премести и во 2006 година се одржал во паркот Луитполдхајн.
Со изданието во 2006 година, како последица на логистички усложнувања со истовременото одржување на фудбалски натпревар, било најавено дека фестивалот се одржува за последен пат во Нирнберг. На 19 октомври 2006 година дури било и објавено дека во иднина истиот нема повеќе да се одржува во градот.[1] Веднаш потоа се започнало со потрагата по нови градови во Баварија и Баден-Виртемберг. На 29 ноември 2006 година било објавено дека и за 2007 година имало договор фестивалот да се одржи во Нирнберг.[2] По големиот успех на фестивалот во 2007 година, било заклучено дека Нирнберг и натаму треба да остане град домаќин. Од 2007 година, главната бина на фестивалот повторно се поставува на Цепелинското поле.
Посетители
уредиВо 2005 година, фестивалот го посетиле 45.000 луѓе, во 2006 година 49.000, а во 2007 година за првпат бил во целост распродаден со присуство на околу 60.000 посетители. Во 2007 година, во саботата за време на фестивалот истовремено се одржал и квалификацискиот натпревар за Европското првенство во фудбал 2007 меѓу Германија и Сан Марино. Во 2008 година, фестивалот исто така бил предвреме во целост распродаден и на него присуствувале околу 70.000 љубители на рокот.
На изданието во 2010 година присуствувале околу 60.500 посетители.[3] Со оваа посетеност тој бил на исто рамниште како во 2007 година, но овој пат не бил во целост распродаден. Тоа меѓу другото се должи на зголемувањето на дополнителните бини и со тоа зголемувањето на бројот на влезници кои биле пуштени во продажба. Како јубилејно издание, фестивалот во 2010 година траел четири дена.
Во 2012 година, Рок им парк бил целосно распродаден за првпат по 2008 година. Сите тридневни влезници биле во целост распродадени скоро три месеци пред фестивалот.[4]
Во 2017 година, фестивалот повторно бил распродаден и со околу 88.500 посетители бил поставен нов посетителски рекорд.[5]
Надворешни врски
уреди„Рок им парк“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Nürnberger Nachrichten. 20 октомври 2006.
- ↑ Nürnberg online – "Rock im Park" bleibt auch im Jahr 2007 in Nürnberg
- ↑ Rock im Park 2010 - Festivalbericht mit vielen Bildern und Videos
- ↑ Архивирано на {{{2}}}.
- ↑ Das war Rock im Park 2017 aus Sicht von Polizei, Feuerwehr und Veranstalter. infranken.de. 4 јуни 2017.