Рози за здрави генерации
Рози за здрави генерации е еколошки проект на Еколошко Друштво „ Вила Зора“ во соработка со Швајцарската амбасада и Општина Велес, кој започнал во 2010 година во Велес, Македонија. Примарна цел на проектот била деконтаминација на загадената почва со тешки метали.[1]
Деконтаминација на почвата со засадување на рози
уредиЕколошкото друштво „Вила Зора“ и тогашниот претседател д-р Ненад Коциќ во 2010 година го иницирале и го реализирале проектот за анализи и ремедијација со поддршка на Швајцарската амбасада и бил партнерски проект со Општина Велес и ЈКП Дервен Велес.[2]
Стручните лица по сеопфатни анализи објасниле дека можноста да се отстранат смртоносните метали во самото централно подрачје на градот е да се засадат цвеќиња, чиј коренов систем може да ги апсорбира. На велешани за поздрав живот им била потребна деконтаминација на почвата, каде до 50 цм било регистрирано високо присуство на тешки метали, олово и кадмиум.
На јавните површини односно во парковите и зелените површини покрај улиците есента во 2010 година екологистите од ЕД Вила Зора започнале со припреми за засадување на 7 илјади рози на јавните површини. Проектот било планирано да се реализира во две фази и на секоја фаза да се засадат по 3 500 рози. Розите со својот коренов систем требало да ги апсорбираат тешките метали и да ја деконтаминираат почвата во градот. Во тој партнерски проект на градот со граѓанскиот сектор планирано било да се засадат 5.000 рози, со финансиска поддршка од Швајцарската амбасада со донација во вредност од 6.000 евра.
Проект „7000 рози за Велес“
уредиПроектот „7000 рози за Велес“ започнал во Младинскиот и Градскиот парк во Велес. Токму на 9-ти ноември 2010 во 11 часот, кога се слави и Денот на ослободување на градот.[3] Екологистите од ЕД „ Вила Зора“ велешани и вработените во РЕ Паркови и зеленило во Велес ги засадиле првите 3500 рози. Во засадувањето на розите кои екологистите ги обезбедиле учествувале и гостите кои биле присутни на свеченоста на градот Велес. Акцијата продолжила и во наредниот период со засадување на рози во дворовите на училиштата и градинката. Велешани на 9 ноември засадиле 1900 рози.[2] Тие не засадувале само рози за да ги разубават јавните површини ова за нив значело надеж за ослободување на почвата од тешките метали, надеж за здрави поколенија во градот. Велешани и на терен со засадување на розите уште еднаш ја покажале желбата за чиста и здрава животна средина.
Реконструкција на Градскиот и Младинскиот парк
уредиВо периодот на 2011 година ЈКП „Дервен започнала со реконструкција на реконструкција на Младинскиот и Градскиот парк [4] и комуналното претпријатие ги отстранило розите кои биле засадени во 2010 година. РЕ Паркови и зеленило работеле на расчистување на Градскиот парк од трупци и корења, деградирана жива ограда, и искршени клупи и корпи. По предвидените активности за уредување на јавните површини, планирано било да се заврши и садењето на розите од проектот „7000 рози за Велес“ кои биле претходно искорнати и се чувале во расадот на ЈКП Дервен на повеќе локации во градот, во кои спаѓал и Градскиот парк.
Розите ги нема на јавните површини
уредиЕкологистите во 2013 година го стопирале процесот на деконтаминација на јавните површини во Велес со засадување на рози. Како причина тие навеле дека е неодговорниот однос на локалната заедница пред се на ЈКП „Дервен“.[5] На првото засадување на розите биле поканети и гости од страна на тогашниот градоначалник. Во 2013 година од Општината имале став дека тие биле само партнери и го поддржувале проектот но немале никакво учество во него.[6] По три години молење од страна на екологистите да се одговори каде се розите во јавноста излегла информација дека 3 500 рози се вратени на јавните површини во Велес, но истите потоа биле украдени.[7]
Ненад Коциќ тогашен претседател на ЕД Вила Зора за јавноста изјавил: „Наместо рози, како што беше договорот се засадуваат некои други цвеќиња, кои стручњаците не ги прифаќаат. Наместо тоа розите гнијат во магацините. Тие имаат животен век до 30 години и затоа во тој период преку нивниот коренов систем ги собираат тешките метали. Но гледате наместо нив по градот има некои други цветови. Затоа ја прекинавме соработката со ЈКП Дервен сè додека не се засадат сите рози“.[8]
Кампања „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“
уредиНационален координатор на кампањата било Министерството за животна средина со директна поддршка на Владата на Република Македонија Во Македонија се засадувле 50 000 рози а во Велес 3 500 рози.[9] Во Велес на 21 Март 2014 кога се одбележува и денот на пролетта биле засадени првите рози во велешката почва од страна на велешани.
Дел од 2.500-те рози биле донација на бизнис секторот, а дел биле набавени со средства од Општина Велес, 1000 рози донирало Министерството за животна средина.
Се засадувало на повеќе површини во Велес на ул. „Алексо Демниевски“ и Благој Ѓорев“, кај Општата болница, покрај пругата во зелениот појас кај рестораните Розе сала и Глориус. Триста садници рози биле засадени на улицата „Димитар Влахов“, а сто садници на улицата „Благој Ѓорев“ кај споменикот на Панко Брашнаров.
Велес е еден од лидерите во акцијата „Македонија земја на цвеќето-земја на розите“,[10] при посетата на Велес напоменала Соња Лепиткова државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во кампањата биле вклучени и сите јавни установи и институции, АРМ, пензионерите, невладините организации, училиштата, детската градинка, буквално сите граѓани на Велес. Во акцијата за засадување на розите се приклучиле и дваесетина млади турци, студенти на МИТ универзитетот во Скопје. Тие дошле во Велес да ја дадат својата поддршка во борбата за здрава животна средина и да бидат дел од акцијата “Македонија земја на цвеќето- земја на розите”. Екологистот Игор Смилев од Велес бил нивен гостин и им одржал трибина за екологијата во градот. Студентите биле инспирирани и од документарниот филм Велес Капут кој го гледале на Турската национална телевизија, филмот ги покажувал последиците од загадувањето во време кога работела Топилницата за цинк и олово „Злетово“ во Велес.
Веќе во месец јуни засадените рози ги пуштиле и првите цветови.[11] Велешани посакувале розите да се зачувуваат и да се одржуваат во парковските површини.[12]
Велешани посветени на целта да спроведуваат активности за деконтаминација на загадената почва со тешки метали и со спроведување на понатамошни активности за одржување на засадениот материјал и проширување на подрачјето Фиторемидијација на почвата во Велес.
Галерија
уреди-
Ридот со троска од Топилница Велес
-
Млади луѓе со транспаренти пред Народна банка
-
Децата од градинките и училиштата во подршка на проектот„ Рози за здрави генерации“ во Велес
-
Рози за здрави генерации во Велес
-
Рози во младински парк во Велес
-
Обраќање на Недад Коциќ на Сар Маале пред присутните граѓани во Велес
Наводи
уреди- ↑ Канал 5 Телевизија (2019-11-23), Тешки метали во почвата на Велес, Скопје и Пробиштип, Посетено на 2024-05-31
- ↑ 2,0 2,1 Андреевска, Тодорка (2010-11-10). „1.900 садници рози во градскиот парк » ЈКП Дервен - Велес“. ЈКП Дервен - Велес (англиски). Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „Програма - 66 години слободен Велес“. arhiva.veles.gov.mk. Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „ЈКП Дервен - Велес“. ЈКП Дервен - Велес (англиски). Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „Екологистите предупредуваат, чистење на почвата од тешки метали стопиран“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „Велешани покажаа дека можат да се скараат и за рози“. Фактор Портал. Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „Полицијата ги фати крадците на рози во Велес - ДУМА.мк“. 2014-04-11. Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „Велешките екологисти на суд ќе ги бараат 7-те илјади откорнати рози“. time.mk. Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „3.500 рози за поубав Велес“. arhiva.veles.gov.mk. Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „Македонија, земја на розите“. time.mk. Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „Расцветаа розите кои беа насадени оваа пролет“. arhiva.veles.gov.mk. Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „Розите ги скараа екологистите и велешката власт“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-05-31.