Велес Капут
Велес Капут е еколошки документарен филм на велешаните Данчо Стефков, Владимир Тевчев и Александар – Сашко Кукулев за последиците од загадувањето на Топилницата во Велес.
Синопсис
уредиВелес Капут е филм кој на експлицитен начин низ слики и сведоштва ја раскажува потресната и силна приказна на борбата на жителите на Велес за чист воздух и достоинствен живот. Еколошкиот документарен филм е составен од три дела и истиот е поставен на јутјуб.
Во овој документарец се откриваат вистините на 35 годишното загадување на Топилницата за олово и цинк „Злетово“ во Велес. Велешката топилница од осумдесетите години оставила неизбришлив белег кај жителите кој и денес се чувствува. Во 2003 топилницата се затворила поради финансиски причини, па целиот фокус на неколкумина еколошки активисти го насочиле во докажување на загадувањето и последиците што тоа ги оставила во Велес.[4] Кога во 2008 година ја купила топилницата фирмата Метрудхем[5] Во филмот се опфатени сведоштва на активисти и лекари велешани за последиците врз здравјето на жителите. На овие сведоштва и фотографии кои се поткрепени со факти ниту еден гледач или слушател неможе да остане рамнодушен. Се зборува за се она што се случувало со децении а фактите и вистината била вешто прикривана од јавноста. Само дрворедите не молчеле, секојдневно плакатите на починатите немо говореле за црниот облак над Велес. Системот познава брутални начини за да ги заштити елитите на сметка на невините луѓе, а последиците од неговото владеење преку работата на топилницата оставила длабока трага врз Велес и велешани. Разумот на велешани го надвладеал политичкиот пазар и тие се спротивставиле на повторното рестатирање на Топилницата. Во овие три дела од еколошкиот документарец лекарите од Велес зборуваат за раѓањето на бебиња со аномалии, за заболувањата кај жителите,за загаденоста на воздухот, водата, почвата и растителниот свет. Велешани на 9 ноември 2011 година со масовен протест[6] на граѓани и активисти и еколошки здруженија кои ги подржуваат[7] го реализираат најголемиот протест со околу 20 000 луѓе и гласно се спротивставиле на одлуката за рестартирање на Топилницата. Со паролата „ Топилница гут, Велес капут “ граѓаните јасно ставиле на знаење на целата македонска јавност дека разумот мора да надвладее. Со цврста одлука „Еден мора да си оди, или тие или ние“ велешани не дозволиле топилницата повторно да проработи.
Галерија
уреди-
Топилницата за олово и цинк МХК „Злетово“ во Велес
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=bQ93USoC9Lk
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=ojwzhxqXIOI
- ↑ https://www.youtube.com/watch? v=mbb3f5tZlkQ
- ↑ Ленка, Д. С. П. (2023-04-08). „Велес Капут – борба и победа [видео]“ (англиски). Посетено на 2024-05-22.
- ↑ „Метрудхем на дозвола може да чека и до 2 години“. Daily.MK - Вести. Посетено на 2024-05-22.
- ↑ „Велешани не попуштаат за Топилницата“. Daily.MK - Вести. Посетено на 2024-05-22.
- ↑ Дем, Движење На Екологистите На Македонија- (2011-11-04). „ДВИЖЕЊЕ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Протест против топилницата во Велес“. ДВИЖЕЊЕ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА. Посетено на 2024-05-22.