Родопи (римска провинција)
Родопи (старогрчки: Ἐπαρχία Ῥοδόπης) ― доцноантичка и раносредновековна римска провинција, сместена на северниот брег на Егејот. Како дел од Диецезата Тракија, таа се протегала по должината на планината Родопи, покривајќи делови од денешна Западна Тракија (во Грција) и југозападна Бугарија. Провинцијата била предводена од управник од рангот на прес, со Трајанопол како главен град на провинцијата. Според делото „Синекдем“ (латински: Synecdemus) од 6 век, во провинцијата имало уште шест градови, Маронеја, Максимијанопол, Никопол, Кереопиргос (непозната местоположба) и Топеирос (денешен Токсотај во Грција).
Провинција Родопи Provincia Rhodopeia | |||||
Провинција на Римската Империја | |||||
| |||||
Родопи во рамките на Диецезата Тракија, ок. 400 година. | |||||
Главен град | Трајанопол | ||||
Историски период | Доцна антика | ||||
- | Провинциски реформи на Диоклецијан | ок. 293 | |||
- | Словенски преселби на Балканскиот Полуостров | 7 век | |||
Денес во | Бугарија Грција |
Провицијата постоела до словенските упади во VII век, иако како црковна провинција продолжила да постои барем до 12 век. Темата Волерон опфаќала поголем дел од областа во подоцнежните средновековноримски времиња.
Наводи
уредиИзвори
уреди- Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, стр. 1793, ISBN 978-0-19-504652-6
- Soustal, Peter (1991). Tabula Imperii Byzantini, Band 6: Thrakien (Thrakē, Rodopē und Haimimontos) (германски). Виена: Австриска академија на науките. ISBN 978-3-7001-1898-5.