Роберт Керзон (Robert of Courçon, de Curson, или Curzon[1]) (околу 1160/1170 - 1219) бил англиски кардинал на Римокатоличката црква.[2]

Животопис

уреди

Роден бил во Англија некое време помеѓу 1160 и 1170 година, член на едно англо-норманско семејство со потекло од селото Нотр-Дам-де-Корзон во Нормандија.[3] По учењето во Оксфорд, Париз и Рим, тој станал канцелар на Универзитетот во Париз во 1211 година.[4] Следната година, тој станал кардинал на Сан Стефано Ротондо.[2][4] Во 1213 година, тој бил назначен за папски легат за да проповеда за крстоносна војна, а во 1215 година бил поставен на чело на комисија за испитување на грешките што преовладувале на Универзитетот во Париз. Учествувал во папската конклава од 1216, која го избрала папата Хонориј III.[2][4]

Тој активно учествувал во походот против ерес во Франција и ја придружувал војската на Петтата крстоносна војна во Египет како легат на папата Хонориј III.[2][4]

Починал за време на Опсадата на Дамиета во 1219 година, и бил погребан во Дамиета.[1]

Дела

уреди

Тој е автор на неколку дела, вклучувајќи и Summa посветена на прашањата на законот за канони и етика.

Тој бил вмешан во работите на Универзитетот во Париз, среде забуната што произлегла од воведувањето на арапски преводи на Аристотел, по што напишал неколку рпреводи.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Bellenger & Fletcher 2001, Princes of the Church, p. 173.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Miranda, Salvador. „Robert Curzon“. The Cardinals of the Holy Roman Church. Посетено на 14 June 2011.
  3. Jane E. Sayers
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Schofield & Skinner 2007, The English Cardinals, p. 27.

Библиографија

уреди
  • Bellenger, Dominic Aidan; Fletcher, Stella (2001). Princes of the Church: A History of the English Cardinals. Stroud, UK: Sutton. ISBN 0-7509-2630-9.
  • Denifle, Chartul. Univ. Paris, I (Paris, 1889), 72, 78
  • De Wulf, Hist. of Medieval Phil., tr. Coffey (New York, 1909), 252.
  • Schofield, Nicholas; Skinner, Gerard (2007). The English Cardinals. Oxford: Family Publications. ISBN 978-1-871217-65-0.