Роберт Декурси Вард
Роберт Декурси Вард (англиски: Robert DeCourcy Ward, 29 ноември 1867 – 12 ноември 1931 година) бил американски климатолог, автор, едукатор и водечки застапник за евгеника и имиграциската реформа на почетокот на 20 век во САД. Тој стана првиот професор по климатологија во Соединетите Држави и дал свој придонес во проучувањето на климата.[1]
Роберт Декурси Вард | |
---|---|
Роден(а) | ноември 29, 1867 Бостон, Масачусетс |
Починал(а) | Предлошка:Death-date and age Кембриџ, Масачусетс |
Националност | САД |
Алма матер | Универзитет во Харвард |
Занимање | климатолог, писател, едукатор |
Сопружник | Ема Лејн |
Деца | Хенри Декурси Роберт Салтонстал Ана Салтонстал Ема Лејн |
Неговото залагање за имиграциската реформа и евгеника го навело да ја коосновал Лигата за ограничување на имиграцијата, која била клучна за усвојувањето на Законот за имиграција од 1924 година, кој ја намалил еврејската и италијанската имиграција во САД за над 95% и целосно ја забранила азиската имиграција до 1952 година.[2]
Биографија
уредиТој бил роден на 29 ноември 1867 година во Бостон, Масачусетс. Роберт бил син на Хенри Веази Вард и Ана Салтонстал (Мерил). Завршил на Универзитетот Харвард во 1885 година. По дипломирањето, тој поминал една година патувајќи низ Европа. Тој се приклучил на метеоролошкиот оддел при Универзитетот Харвард во 1890 година како асистент на Вилијам Морис Дејвис, а подоцна станал инструктор по метеорологија и климатологија.
Во 1894 година, тој помогнал при основањето на Лигата за ограничување на имиграцијата. Во неговите рани дела, Вард забележал дека имигрантите не треба да се исклучуваат „по основа на раса, религија или вера“ и барал промени во законите за имиграција . Вард служел како член на извршниот комитет на групата која се залагала за промени во имиграциската политика до 1908 година. Во следните години, тој пројавил интерес за тогаш новата теорија на евгениката и напишал неколку дела на оваа тема.
На 28 април 1897 година, тој стапил во брак со Ема Лејн и парот имал четири деца: Хенри Декурси (31 јули 1898 година), Роберт Салтонстал (24 мај 1900 година), Ана Салтонстал (13 февруари 1904 година) и Ема Лејн (9 февруари 1908 година). Од јуни до февруари следната година, тој поминал време во Јужна Америка проучувајќи ги тамошните климатски услови. Станал доцент по климатологија на Универзитетот Харвард во 1900 година.
Од јуни до септември 1908 година, тој бил член на Меморијалната експедиција на Шалер во Бразил . Во 1910 година, тој бил именуван за редовен професор на Харвард, станувајќи првиот професор по климатологија во САД. Тој поминал дел од 1910 година во Саун Пауло, Бразил, проучувајќи ја економската климатологија на областа за кафе во регионот. Исто така билч именуван за претседател на Здружението на американски географи во 1917 година и служел како прв претседател на Американското метеоролошко друштво од 1920 до 1921 година. Вард бил клучен сведок на американскиот Конгрес во корист на Законот за имиграција од 1924 година .
Библиографија
уреди
- An investigation of the sea-breeze (1889) with William Morris Davis
- List of cloud photographs and lantern slides (1894)
- Meteorology as a university course (1895)
- A winter barograph curve from the South Pacific Ocean (1897)
- Practical exercises in elementary meteorology (1899)
- Sensible temperatures (1899)
- The relative humidity of our houses in winter (1902)
- The agricultural distribution of immigrants (1904)
- The restriction of immigration (1904)
- The National Exposition at Rio de Janeiro (1909)
- A visit to the Brazilian coffee country (1911)
- Abbot Lawrence Rotch (1913)
- The crisis in our immigration policy (1913)
- Immigration and the War (1916)
- The thunderstorms of the United States as climatic phenomena (1917)
- Climate: considered especially in relation to man[1] (1918)
- Immigration restriction essential to Americanization (1919)
- The essential characteristics of United States climates (1920)
- Some characteristics of United States temperatures (1922)
- The new immigration law and its operation (1925)
- A climatologist's round-the-world voyage (1929)
- Climatology and some of its applications (1929)
- How far can man control his climate? (1930)
- The railroads versus the weather (1931)
- The acclimatization of the white race in the tropics (1931)
- The literature of climatology (1931)
- Westindien: climatology of the West Indies (1934)
- The climates of North America (1936) with Charles Franklin Brooks and A. Connor
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Professor Ward dies suddenly in Cambridge home“, The Harvard Crimson, November 13, 1931, Посетено на 2013-03-29.
- ↑ Harvard’s Eugenics Era:When academics embraced scientific racism, immigration restrictions, and the suppression of “the unfit”, by Adam S. Cohen, Harvard Magazine
Надворешни врски
уреди- Дела од Robert DeCourcy Ward на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Роберт Декурси Вард на Семрежниот архив
- „Ward, Robert DeCourcy, 1867–1931“, Classify, Online Computer Library Center, Inc., Посетено на 2013-03-29.