Ричмонд (Тасманија)
Ричмонд (англиски: Richmond) е гратче во Тасманија, Австралија, 25 км североисточно од Хобарт, во регионот на Јаглената Река. Според пописот од 2006 населението броело 880 жители.[1]
Ричмонд Richmond | |
---|---|
Држава/територија | Тасманија |
Население | 880[1] |
Пошт. бр. | 7025 |
Местоположба | |
Самоуп. подрачја | Кларенс |
Изб. единици | Лајонс |
Сој. единици | Лајонс |
Најпознатата знаменитост на Ричмонд е Ричмондскиот мост, изграден во 1823, при самите почетоци на создавањето на местото. Ова е најстариот мост во Австралија кој сè уште се користи.
Градот првично бил дел од маршрутата помеѓу Хобарт и Порт Артур сè до изградбата на Сорелскиот насип во 1872 г.
Денес Ричмонд е најпознат по тоа што е автентично зачуван како што бил во тоа време. Ова е живо туристичко место, каде сè уште стојат многубројни стари градби од песочник.
Туристички атракции
уредиПозначајни туристички атракции во Ричмонд се Ричмондскиот мост, Ричмондскиот затвор, резерватот Зуду, модел на Хобарт како што изгледал во 1800-тите[мртва врска], како и бројни други објекти од културно значење и паркови.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Австралиско биро за статистика (25 октомври 2007). „Richmond (L) (Urban Centre/Locality)“. 2006 Census QuickStats. Посетено на 11 ноември 2007.