Римски форум (Солун)
Римски форум (грчки: Ρωμαϊκή Αγορά της Θεσσαλονίκης) — римски форум во Солун, Егејска Македонија, кој се наоѓа во горниот дел на денешниот плоштад Аристотел во близина на улицата Игнатија, изградена врз древногрчка Агора. Форумот долги години претставувал економски, политички, социјален и верски центар на градот.
Римски форум - Солун | |
---|---|
Ρωμαϊκή Αγορά της Θεσσαλονίκης | |
Поглед кон остатоците од форумот | |
Општи податоци | |
Вид | агора римски форум |
Стил | староримска архитектура |
Место | плоштад Аристотел, Солун |
Земја | Грција |
Почната | 1 век п.н.е. |
Завршена | 2 век |
Технички податоци | |
Подна површина | 14.000 м2 |
Форумот имал должина од 146 метри и ширина од 97 метри[1] и претставува терасовиден форум на два спрата[2]. Кон комплексот на форумот припаѓаат и две римски бањи[3] од кои едната е ископана, а другата сè уште е закопана под градот, и мал театар кој бил користен за гладијаторски игри. Форумот бил изграден најверојатно во периодот помеѓу 42 п.н.е. и 138 година. Во овој период низ Римското Царство биле изградени големброј на слични такви форуми како овој во Солун. Иако првичниот комплекс не бил изграден во римско време, тој бил главно обновен во 2 век[3]. Според други податоци, дел од форумот бил изграден во времето на Тетрархијата (крајот на 3 и почетокот на 4 век). Се смета дека форумот и театарот се користеле барем до 6 век[4].
Самиот форум опфаќал голем број на градби, украсени со арки и фонтани. Во внатрешноста се наоѓал амфитеатарот со елементи од коринтската архитектура. Овде се наоѓале и неколку скулптури на Менада, Дионис, Аријадна, Леда, Ганимед итн. Во форумот добро е зачуван криптопортикот (подземен тунел). При археолошките ископувања од 1966 година биле пронајдени голем број на сребрени монети и мермерни скулптури, кои денеска се наоѓаат по солунските археолошки музеи. Кон 1989 година започнала реставрација на целиот комплекс.
Наводи
уреди- ↑ http://www.enjoythessaloniki.com/visit/ancient-monuments/the-ancient-agora-roman-forum/
- ↑ John S. Bowman, Sherry Marker, Peter Kerasiotis, Rebecca Tobin (25 January 2008). Frommer's Greece. Frommer's.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 3,0 3,1 Joseph Roisman, Ian Worthington (2011). A Companion to Ancient Macedonia. Wiley-Backwell.
- ↑ Laura Salah Nasrallah, Charalambos Bakirtzis, Steven J. Friesen (2010). From Roman to early Christian Thessalonikē: studies in religion and archaeology. Harvard College.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)