Римска туба
Римската туба ― воена сигнална труба, сосема различна од современата туба. Туба (од латински tubus, „цевка“) била произведена околу 500 п.н.е. Нејзиниот облик бил исправен, за разлика од воената букина или корнуто, која повеќе личела на современиот сузафон во кривината околу телото. Се смета дека неговото потекло е етрурско и е слично на грчкиот салпиг (салпинкс). Во должина од околу 1,2 м, обично била направена од бронза и била свирена со отстранлива писка.
Римската туба била еден од најважните музички инструменти во римската војска. Можела да се користи за паради и погреби, но најважна од неговата употреба била давање наредби на војниците.[1] Луѓето кои свиреле на овој инструмент биле нарекувани тубикинес (tubicines). Во претставите на луѓе кои свират на овој инструмент, тие обично го покажуваат нагоре или надолу, наместо да го држат на ниво. Тие, исто така, користат само една рака за да го држат, бидејќи другата рака е ставена на колкот за да помогне во проширувањето на торзото.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Musical Instruments in Asterix & Obelix“. www.acs.psu.edu. Посетено на 19 март 2022.
- ↑ „The Roman Bucina: A Distinct Musical Instrument?“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-06-17. Посетено на 19 март 2022.
1. Даниел А. Расел, професор по акустика и директор на дипломска програма за образование на далечина по акустика, инструменти на антиката како што е илустрирано во The Adventures of Asterix the Gaul, Државниот универзитет во Пенсилванија.
2. Џон Зјолковски, The Roman Bucina: A Distinct Musical Instrument?
Надворешни врски
уреди- . Encyclopædia Britannica. 13 (11. изд.). 1911. стр. 697–706.
- Слика на Туба на Трајановиот столб Архивирано на 26 мај 2011 г. .