Ригански црн балсам

традиционален латвиски ликер

Ригански црн балсам (според стариот правопис познат и како: Ришки црн балсам; латвиски: Rīgas Melnais balzams) — традиционален латвиски растителен ликер направен од многу различни природни состојби измешани со чиста вотка, со што пијалакот има 45% алкохол во себе.[1] Може да се пие како таков, со коцки мраз или мешан со топли напитоци, како кафе или топло какао или измешан со сода-вода или газиран пијалак, или во некоја варијанта на коктели. Исто така, повремено се користи како додаток во сладолед. Самиот пијалак е црн и многу горчлив, но со различни вкусови.[2]

Ригански црн балсам
Ригански црн балсам
ТипЛикер
ПроизводителАД „Латвиски балсам
Земја на потеклоЛатвија
Се појавил1742
Алкохол по волумен45%
Степен90
БојаТемно кафеава
Матична страницаrigablack.com

Риганскиот црн балсам е направен од АД „Латвиски балсам“. Традиционалниот рецепт во 1742 година бил создаден од Абрахам Кунце, аптекар кој живеел во Рига и има основа од 24 различни растенија, цвеќиња, пупки, сокови, корења, масла и бобинки. Се продава во рачно изработени керамички срчи.[1] Со време, риганскиот црн балсам станал познат и во странство, откако добил повеќе од 30 награди на меѓународните саеми.

Црниот балсам, исто така, се користи и во традиционалната медицина. Се смета дека е добро средство против настинка и се користи за ублажување на дигестивните проблеми.[1] Се прави во Рига од средината на XVIII век. Според легендата, царицата Катерина Велика од Русија, се разболела при нејзината посета на Латвија, но била излечена пиејќи ригански црн балсам.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Nutritional and Health Aspects of Food in Eastern Europe. Academic Press. 2021. стр. 177. ISBN 978-0-128-11734-7.
  2. Bitterman, Mark (2015). Bitterman's Field Guide to Bitters & Amari: 500 Bitters; 50 Amari; 123 Recipes for Cocktails, Food & Homemade Bitters. 2. Andrews McMeel Publishing. стр. 189. ISBN 978-1-449-47069-2.

Надворешни врски уреди