Риба (скулптура во Скопје)

Риба претставува бронзена скулптура на риба, сместена во самиот центар на Скопје. Се наоѓа во зеленилото на улица Македонија, наспроти хотелот „Бристол“. Авторка на ова дело е Грозданка Каникова.

Поглед кон скулптурата

Оваа скулптура е дел од проектот на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во центарот на Скопје.[1] Скулптурата била свечено откриена на 23 ноември 2009 година. Според последните планови за градење во Скопје од 2011 година, на местото на скулптурата треба да се изградат нови 2 државни згради, а со тоа треба да се премести и самата скулптура.[2]

Наводи

уреди
  1. „ИЗБРАНИ 40 РЕШЕНИЈА ОД КОНКУРСОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА“. Премин. Посетено на 2011-07-26.
  2. „Две државни згради ќе го заменат зеленилото спроти „Бристол". Нова Македонија. Посетено на 2011-07-31.[мртва врска]