Речник на презимињата кај Македонците

Речник на презимињата кај Македонцитеречник на презимињата кај етничките Македонци во Република Македонија. Издавач е Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ под редакција на Трајко Стаматоски кој се јавува и како обработувач заедно со Марија Коробар-Белчева и Маринко Митков за првиот том, додека за вториот том како обработувач се јавува и Олга Иванова.[1]

Речник на презимиња кај Македонците
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ИздавачИнститут за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Издадена
1994 (I том) и 2001 година (II том) во Скопје

Извори

уреди

Основен извор за речникот се податоците од пописот на населението во Република Македонија во 1961 година кој Заводот за статистика му ги предал на Институтот за македонски јазик, и тоа само за лицата кои се изјасниле како етнички Македонци. Од друга страна на овој начин се опфатени презимиња кои се одлики на други средини (Битолјану, Бојаџијан, Гоцис, Лесченко и др.). Со обработката биле опфатени околу 300.000 семејства, 10% од податоците од пописот Заводот за статистика ги задржал за свои потреби, па овие презимиња недостигаат во речникот. Веројатно има и одредени презимиња на Македонци-муслимани кои во времето на наведениот попис се изјасниле поинаку.[2]

При обработката на материјалот користена е литература за запознавање на антропонимските системи на соседните народи (српскиот, бугарскиот, грчкиот, албанскиот), како и антропонимикони на другите словенски народи. Присуството на Турците на нашиве простори во подолг временски период се покажало и во присуството на апелативи на турски јазик во не мал број македонски презимиња.[2]

Структура на речничката единица

уреди

Секоја речничка единица се состои од одредница и два дела означени со римските бројки I и II. Во точката I се дадени подрачјата (ареалите) и честотата на секое одделно презиме, а во точката II, најпрво основата на презимето и потоа во заграда структурата, потеклото (етимологијата) и нужните граматички и правописни објаснувања и на крајот наставката (суфиксот) со која е образувано одделно презиме.[2]

Во точката I е даден податок за вкупниот број членови, во заграда и бројот на нивни семејства, кои го носат презимето од одредницата. Со тоа се добива слика за раширеноста на даденото презиме по населени места. Имињата на населените места и општините се според Списокот на населени места и општини од 1992 година.[2]

Во точката II се дава најпрво основата на презимето, при што можни се три ознаки: лично име, прекар и антропоним. Во случаите кога се можни повеќе ликови на основата, тоа се бележи со коса црта: Абаџи/-ја, Георги/-ј, -ја, Ангел/-е. Во ретките случаи, кога треба да се укаже и на разликата во образувањето на одделно презиме, се прибегнува кон обележување на таа разлика со арапските бројки 1 и 2. [2]

Наводи

уреди
  1. Речници на семрежното место на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Том 1 Речник на презимињата кај Македонците А на семрежното место на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Надворешни врски

уреди
  • Речници на семрежното место на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“