Република Урал
Република Урал (руски: Уральская Республика) бил непризнаен субјект на Руската Федерација кој постоел од 1 јули 1993 до 9 ноември 1993 година во границите на регионот Свердловска област. Формирана била како резултат на референдумот одржан на 12 април 1993 година од страна на Едуард Росел.[1]
Таа била организирана од тим локални политичари, од кои еден од нив, Антон Баков,[2] е и автор на проектот за валута за Републиката, уралскиот франк.
Историја
уреди- [ потребен е цитат ]25 април - Прашањето за давање статус на Република на Свердловската област било поднесено на референдум.
- 1 јули - Регионалниот совет на Свердловск донел одлука за прогласување на Република Урал.
- 14 септември - Шефовите на регионите Свердловск, Перм, Челјабинск, Оренбург и Курган одлучиле да учествуваат во развојот на економскиот модел на Република Урал врз основа на регионите на Урал.[3][4] Проектот на новиот територијален ентитет го добил името „Голема Уралска Република“.
- 27 октомври - Регионалниот совет на Свердловск го одобрил Уставот на Република Урал. Текстот на Уставот е објавен во „Регионален весник“.
- 31 октомври - стапил на сила Уставот на Република Урал.
- 2 ноември - Едуард Росел учествувал на проширен состанок на Советот на министри на Руската Федерација.[5] На тој состанок рускиот претседател Борис Елцин рекол дека желбата на регионите да го подигнат сопствениот статус бил природен процес и дека владата треба да го земе предвид.
- 5 ноември - На прес-конференцијата Едуард Росел кашал за поддршката на Република Урал од страна на Елцин и за неговата намера да продолжи со развојот на Републиката.[6][7]
- 8 ноември - Регионалниот совет објавил дека изборите за гувернер и изборите на дводомното законодавно собрание на Република Урал ќе се одржат на 12 ноември[7][8]
- 9 ноември - Претседателски декрет број 1874 за распуштање на Регионалниот совет на Свердловск, а потоа, на 10 ноември - Уредба бр. 1890 за разрешување на Едуард Росел. Сите нивни одлуки во врска со Република Урал биле прогласени за ништовни.[9] Валери Трушников бил назначен за шеф на администрацијата на Свердловската област.
Наводи
уреди- ↑ Orttung, Robert W. (2000). The Republics and Regions of the Russian Federation. M.E. Sharpe. стр. 524.
- ↑ (на руски) https://66.ru/news/columnists/200008/
- ↑ Не бойтесь, земляки // На смену!— 1993.— 21 сентября.
- ↑ Оренбуржье.— 1993.— 23 сентября.
- ↑ Вечерний Екатеринбург.— 1993.— 4 ноября.
- ↑ Вечерний Екатеринбург.— 1993.— 6 ноября.
- ↑ 7,0 7,1 „IGPI.RU::Политический мониторинг::Выпуски политического мониторинга::Свердловская область — Свердловская область в ноябре 1993 года“.
- ↑ Вечерний Екатеринбург.— 1993.— 10 ноября.
- ↑ Российская газета.— 1993.— 10 ноября.