Реостат[1][2] — променлив отпорник со два терминали, од кои едниот е фиксен, а другиот лизгачки. Обично се користи за регулирање на струјата во колото, за разлика од потенциометарот што го регулира напонот. Струјата се регулира со поместување на лизгачот на реостатот што го менува отпорот помеѓу терминалите на реостатот. Според Омовиот закон, струјата во колото се менува.

Поради неговата употреба за контрола на струјата, обично реостатот е со поголеми, така што може да ја изврши потребната дисипација на поголема топлинска енергија. Од истата причина, отпорниот материјал често е во форма на жица, а не отпорен филм.

За помала моќност, потенциометарот може да служи и како реостат ако средишниот терминал (лизгачот на потенциометарот) е поврзан со еден од страничните приклучоци.

Реостатите можат да бидат линеарни, во кои промената на отпорот се врши линеарно со движењето на лизгачот и нелинеарни, каде што оваа врска е нелинеарна (често логаритамска).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди