Ремедиос Амаја
Марија Долорес Амаја Вега (родена 1962 година во Севиља), попозната по уметничкото име Ремедиос Амаја, - шпанска фламенко пејачка. Таа ја претставувала Шпанија на Евровизија во 1983 година.[1]
Ремедиос Амаја | |
---|---|
Основни податоци | |
Родено име | Марија Долорес Амаја Вега |
Роден(а) | 1 мај 1962 Севиља, Шпанија |
Занимање/ња | Пејачка |
Нејзиниот прв албум, самонасловениот „Remedios Amaya“, бил објавен во 1978 година. Во 1983 година таа била внатрешно избрана од „Телевизион Еспањола“ за да ја претставува Шпанија на Евровизија 1983 во Минхен. Таа постигнала нула поени со песната „¿Quién maneja mi barca?“.[2]
Првите дела на Амаја, „Luna nueva“ (1983) и „Seda en mi piel“ (1984), биле пример за фламенко-рок. Во 1997 година го издала албумот „Me voy contigo“ (1997), во продукција на Висенте Амиго; албумот бил продаден во повеќе од 150.000 примероци. Го вклучувало нејзиниот најголем хит „Turu Turai“.[3][4] Следните албуми биле „Gitana soy“ (2001) и „Sonsonete“ (2002), а во 2004 година таа објави компилација на Најголеми хитови.[5] Во 2016 година, таа издала нов албум, „Rompiendo el silencio“.[6]
Наводи
уреди- ↑ „The A to Z of Eurovision“. BBC News. 13 мај 2009. Посетено на 8 април 2021.
- ↑ „Quien Maneja Mi Barca“. Eurovision Song Contest. Посетено на 8 април 2021.
- ↑ „Me Voy Contigo“. Music City. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 8 април 2021.
- ↑ „Remedios Amaya & Montse Cortés, protagonistas en la Sala García Lorca“. De Flamenco. Посетено на 8 април 2021.
- ↑ „¿Qué fue de Remedios Amaya?“. ABC. Посетено на 8 април 2021.
- ↑ „Spain: Remedios Amaya breaks the silence“. Esctoday.com. Посетено на 8 април 2021.
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Лусија со "Él" |
Шпанија на Евровизија 1983 |
Наследник Bravo со "Lady, Lady" |