Религија во Сејшелите

Религија во Сејшели[1]
Религија Процент
Христијанство
  
89,2 %
Хиндуизам
  
2,4 %
Ислам
  
1,6 %
Останати
Нерелигиозни
  
6,8 %

Религијата во Сејшели има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во земјата според последниот попис од 2010 година е христијанството со 89.2%, додека втора по големина е хиндуизмот со 2.4%, трета религија е исламот со 1,6% а 6.8% спаѓаат во групата на останати или нерелигиозни.

Христијанство

уреди
 
Хиндуистички храм

Од вкупниот број на население, 82% се римокатолици и 6% се англиканци[2]. Помали христијански деноминации се баптисти,адвентисти, Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, назарени, презвитеријани, Јеховини сведоци итн.

Првичните бели доселеници во Сејшелите биле Римокатолиците, а земјата останала католичка и покрај неефикасните британски напори за формирање протестантство на островите во текот на 19 век. Во 1890 година била формирена епархија а училиштата за мисионерство имале виртуелен монопол врз образованието сè додека владата не ги презела таквите училишта во 1944 година. англиканците потекнуваат од семејства кои на островот пристигнале во кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Евангелските протестантски цркви се активни и растечки.

Останати

уреди

Околу 2% од населението се приврзаници на други вери, вклучувајќи го и хиндуизмот со 2.4% и исламот со 1,6%. Во Махе постои хиндуистички храм и џамија. Ниту една од деноминациите не им наметнува ограничување на религиозното обожавање, а статусот на ослободување од данок е одобрен од владата.

Наводи

уреди