Религија во Мозамбик
Религијата во Мозамбик има значајна улога во животот на земјата. Најголема религија во земјата според последниот попис на Националниот институт за статистика во 2007 година е христијанството со 56.1%, додека втора по големина е исламот со 17.9%, 18,7% немале религија, а 7,3% се придржувале кон други верувања[1]. Сепак има големо оспорување на овие проценти[2].
Религиозните заедници се расфрлани низ целата земја[3]. Северните провинции се претежно муслимански, особено по должината на крајбрежниот појас, но некои области во северниот дел на внатрешноста имаат посилна концентрација на протестантски или католички заедници[3]. Протестантите и католиците се генерално побројни во јужните и централните региони, но популацијата на муслиманското малцинство е исто така присутна во овие области[3].
Водечките муслимански водачи во земјата и Католичката црква во текот на историјата често се обидувале да ги елиминираат традиционалните домородни практики од нивните места за обожавање. Сепак, некои христијански и муслимански следбеници продолжуваат да ги инкорпорираат традиционалните практики и ритуали, а религиозните власти генерално дозволуваат такви практики.[3].
Странските мисионерски групи функционираат слободно во земјата. Некои групи нудат религиозни наставни центри во нивните локални заедници, додека други обезбедуваат стипендии за студентите да студираат во нивните земји.[3].
Уставот предвидува слобода на религијата, а Владата генерално го почитува ова право во пракса.[3].
Христијанство
уредиСпоред Националната дирекција за религиозни работи во Министерството за правда, евангелските христијани ја претставуваат најбрзо растечката религиозна група во земјата[3]. Општо земено, верските заедници имаат тенденција да ги привлекуваат своите членови од етнички, политички, економски и расни основи.[3].
Постојат 732 религиозни деноминации и 144 верски организации регистрирани во Одделот за верски работи на Министерството за правда[3]. Во извештајниот период биле регистрирани 10 деноминации и 20 религиозни организации[3]. Најголеми христијански религиозни групи се англиканци, Баптистите, Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, Методисти, Назарени, Презвитеријани, Јеховини сведоци, Римокатолици, Адвентисти на седмиот ден, како и Евангелисти, Православни и Пентекости[3].
Ислам
уредиНајголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Шафиската школа под влијание на суфизмот. Во земјата има и мало шиитско муслиманско население, главно од јужноазиско потекло[3]. Растечката јужноазиска имигрантска популација главно е сунистичка која ја следи Ханифиската школа. Трите главни исламски организации се Исламски конгрес, Исламски совет и Азиската муслиманска заедница[3].
Останати
уредиЕврејските, хиндуиските и бахајските верски групи се регистрирани и зазимаат многу мал процент од населението.[3].
Статистички податоци
уредиПрипадност | 1997[4] | 2007[1][5] |
---|---|---|
Христијани | 49.1% | 56.1% |
Римокатолици | 23.8% | 28.4% |
Zionist Christian | 17.5% | 15.5% |
Евангелисти | 7.8%[note 1] | 10.9% |
англиканци | -[note 2] | 1.3% |
Муслимани | 17.8% | 17.9% |
Нерелигиозни | 23.1% | 18.7% |
Останати/Непознато | 10.0% | 7.3% |
Забелешка |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „The World Factbook - Mozambique“. Архивирано од изворникот на 2020-08-31. Посетено на 2017-06-21.
- ↑ Eric Morier-Genoud, “Renouveau religieux et politique au Mozambique: entre permanence, rupture et historicité”, Politique africaine, n°134, June 2014, pp.155-177
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 International Religious Freedom Report 2010: Mozambique. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
- ↑ 1997 Census of Mozambique
- ↑ 2007 Census of Mozambique