Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Резиме е документ што содржи список на релевантни работнo искуствo и образование. Резиме е првото нешто на што наидува потенционалниот рабoтодавач, кога станува збор за лице кое бара работа, и најчесто се користи за проверка на апликантите, често проследено со интервју, при барање работа. Резимето може да се спореди со CV, но сепак е поразлична форма.

Општо

уреди

Во повеќе случаи резимето е кратко и содржи само искуства релевантни за одредената позиција. Многу резимеа содржат одредени клучни зборови, кои ги бараат потенцијалните работодавачи, масовно користат активни и ја прикажуваат содржината на примамлив начин. Во минатото, резимето не било подолго од две страни, затоа што потенцијалните работодавачи не посветувале многу време на читање детали од резимето на секој кандидат посебно. Во некои земјиработодавачите ги смениле своите размислувања во однос на прифатливата должина на резимеата. Бидејќи сè поголем број на апликанти и работодавачи користат интернет пребарувачи за барање работа и пополнување работни места, потребни се подолги резимеа за да се изделат апликантите и да се истакнат себеси, а и работодавачите се почесто прифаќаат резимеа кои се подолги од две страни. Многу професионални пишувачи на резимеа и експерти за човечки ресурси мислат дека резимето треба да биде доволно долго за да може да вклучи концизен, соодветен и прецизен опис на искуствата и способностите на апликантот. Праќањето на резиме директно кај работодавачот стана значително популарно во 2002 г. Апликантите можеа да го заобиколат процесот на аплицирање и да ги контактираат работодавачите директно преку електронска пошта и масовна дистрибуција на резимето за зголемување на личното присуство во рамки на пазарот на трудот, меѓутоа масовната дистрибуција на резимето на работодавачи може често да има негативен ефект на шансите на апликантот за вработување, затоа што резимето нее специјално направено за одредената позиција за која апликантот аплицира. Па затоа подобро е да се прилагоди резимето посебно за секоја позиција за која се аплицира. Сложеноста или едноставноста на различни формати на резиме дава различни резултати за различни лица, работа или индустрија. Важно е да се забележи дека резимето кое се користи од медицински лица, професори, уметници и луѓе од други специфични полиња може да бидат подолги. На пример, резиме на еден уметник , не вклучувајќи ги искуствата надвор од уметничката бранша, може да вклучат опширна список на самостојни или групни изложби/настапи.

Терминологија

уреди

Потекло и спелување

уреди

Résumé е француски збор и значи „резиме“, иако е настанат од минато време на францускиthe résumer (што значи општо "да резимираш"[1], и одредено "да сумираш"[2]).

Употреба

уреди

Во светот на бизнисот, зборот résumé се користи во САД and in Канада. Curriculum vitæ and "CV" се користат во Обединетото Кралство, Ирска и Нов Зеландво сите контексти.[се бара извор]

Стилови

уреди

Едноставното резиме е преглед ограничен на една или две страни од A4 формат или формат на писмо, нагласувајќи ги само оние искуства и квалификации кои авторот ги смета за најрелевантни во однос на посакуваното работно место. CV е обично подолго.

Резимето може да биде организирано на различни начини:

Хронолошко резиме во обратен редослед

уреди

Во хронолошкото резиме во обратен редослед се набројани работни искуства на апликантот во обратен хронолошки ред, опфаќајќи ги последните 10-15 години. Хронолошкото резиме во обратен редослед се користи најчесто. При користење на овој формат, главно тело на документот е делот за професионално искуство, почнувајќи од најновото, и враќајќи се наназад хронолошки кон секое претходно искуство. Хронолошкото резиме во обратен редослед е за да се види веродостојоста на стекнатото искуство, а истовремено и илустрирање на напредокот во кариерата.

Функционално резиме

уреди

Функционалното резиме опфаќа работни искуства и одлики сортирани според бараната област или функцијата. Во функционалните резимеа се нагласуваат одлики кои се бараат за позицијата за која се аплицира. Овој формат ги потенцира професионалните способности. Се препорачува за оние кои сакаат да ја променат професијата, и имаат разновидна професионална историја со малку работно искуство. Се препорачува и за апликанти кои треба да наведат специфични одлики или јасно дефинирани лични особини.

Комбинирано резиме

уреди

Комбинираното резиме е баланс помеѓу функционалните и хронолошките достигнувања. Тоа опфаќа функционална список на одлики, проследена со хронолошка список на работодавци. Ова резиме се повторува и затоа најмалку се користи.

Он-лајн резиме

уреди

Интернетот го пренесе резимето во нова ера. Како што барањето работа се почесто е по електронски пат, така и резимето го следи овој тренд. Работодавците, заради практичност, примаат резимеа исклучиво по електронски пат. Ова доведе промени и во начинот на кој резимеата се пишуваат, читаат и третираат.

  • Апликантот мора да избере формат на документ во кој ќе го прави своето резиме. Повеќе работодавци инсистираат резимеа напишани во Microsoft Word или Open Office документи. Други примаат само резимеа во HTML, PDF, или ASCII .
  • Многу потенцијални работодавци ги наоѓаат резимеата на апликантите преку алатки за пребарување, за што е многу важно апликантот да користи соодветни клучни зборови за резимето
  • Голем број работодавци користат електронски системи за обработка на резимеа, со цел прегледување големи количини на резиме. Апликантот може директно да прати резиме на електронска пошта на компанијата, или да поднесе резиме на мрежната страница во електронски формат.

Ставање резимеа на интернет е особено карактеристично за професии како глумци, фотографи, графиќки дизајнери, танчери, итн. Од апликантите се бара секогаш да имаат електронска верзија од резиме, што ќе им биде на располагање на работодавците кои пребаруваат на интернет. Уште една поволност кај резимеата преку интернет е значително големата заштеда. За крај, интернетот овозможува додавање на нови технологии во резимето, како видео резиме, кое е особено популарно кај апликанти кои бараат работа во мултимедиja.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. OED, 2nd edition, Oxford University Press, 1989
  2. American Heritage Dictionary of the English Language, Fourth Edition, Houghton Mifflin, 2009

Друга литература

уреди
  • Bennett, Scott A. The Elements of Résumé Style: Essential Rules and Eye-Opening Advice for Writing Résumés and Cover Letters that Work. AMACOM, 2005 ISBN 0-8144-7280-X.
  • Whitcomb, Susan Britton. Resume Magic: Trade Secrets of a Professional Resume Writer, Third Edition. JIST Publishing, 2006. ISBN 978-1-59357-311-9.
  • Euro CV, Jean-Pierre Thiollet, Paris, Top Editions, 1997. ISBN 2 87 73 1131 7

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Employment

Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Резиме