Регулатива 575/2013
Регулативата 575/2013 или Европска регулатива 575/2013 (англиски: Capital Requirements Regulation, CRR) е правен документ на Европската Унија кој содржи прудентни барања за кредитните институции и инвестициските фирми. Директивата била донесена во јуни 2013 година, а почнала да се применува од 1 јануари 2014 година при што примената на некои нејзини одредби се одвивала постепено до 2019 година.
Опис
уредиРегулативата 575/2013 воспоставува квантитативни минимални барања и построги правила за дефиниција на капиталот на кредитните инстируции и за пресметката на активата пондерирана според ризиците. Таа бара стапката на акционерски капитал да изнесува минимум 7% плус 2,5% заштитен слој за зачувување на капиталот, стапката на основниот капитал треба да изнесува најмалку 8,5%, како и стапка на вкупниот капитал од 10,5%, вклучувајќи го CET1 дополнителниот износ (заштитен слој) за зачувување на капиталот. Исто така, според оваа регулатива, стапката на задолженост треба да изнесува најмалку 3%. Регулативата за капиталните барања предвидува сите институции (банки и инвестициски друштва) задолжително да ги одржуваат општите барања за покриеност на ликвидноста (член 412(1)) и редовнo да ги известуваат своите надлежни органи за составот на ликвидната актива и нивото на ликвидност (членови 415-425). Меѓутоа, во членот 460, на Европската комисија ѝ е дадено овластување да одреди детално барање за стапката на покриеност на ликвидноста за кредитните институции. За таа цел, на 10 октомври 2014 година, Европската комисија го донела Делегираниот акт 2015/16, кој стапил на сила на 1 октомври 2015 година. Во Делегираниот акт детално се пропишува пресметката на стапката на покриеност на ликвидноста. Тој се заснова врз стандардите усвоени од Базелскиот комитет за банкарска супервизија, но воведени се и голем број измени.[1]
Наводи
уреди- ↑ European Commission Delegated Regulation to supplement Regulation (EU) 575/2013 of 10 October 2014 with regard to liquidity coverage requirement for Credit Institutions.